Новата Влада на Доналд Трамп преку Министерството за владина ефикасност ја разоткри работата на УСАИД, веќе нереномирана Агенцијата на САД за меѓународен развој, која проневерила огромна сума на пари од американските даночници за нелегални активности во трети земји.
Новиот заменик директор на ФБИ, Дан Бонгино, во своите емисии говореше за улогата на УСАИД и Сорос во „Шарената револуција“, односно во дестаблизација на Македонија, за да се случи промена на името,што во суштина е класичен државен удар.
Витор Орбан, Премиер на Унгарија, неодамна ќе изјави, цитираме: „УСАИД беше срцето на силна финансиска и моќна машина. Чудовиште создадено да ја скрши, урне и еродира слободата и независноста на нациите за да може либерално-глобалистичката империја да напредува.“
Овој увод е во насока Вам премиере на нашата Влада, г. Мицковски, да Ви укажеме дека сега е времето за враќање на името, сега е времето да ги разоткриеме сите подземни активности кои беа водени од меѓународни организации за насилна промена на името, уривање на уставниот поредок, впрочем и уривање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ..
Бидејќи често говорите дека Вашата Влада е репрезент на спроведување на законот и правото, да не остане тоа само за пешаци и брзо возење, правото треба да профункционира на многу повисоко ниво, да се почне од Преспанскиот договор.
Знаеме дека вашата организација е ребрендирана од германски и австриски институти, дека модерниот врховизам длабоко се поставил во ВМРО-ДПМНЕ, но обврска е на секој еден Македонец да се избори за македонскиот идеал за суверена Република Македонија.
На тој пат ќе имате сојузник во Родина Македонија.
Молкот во ова време ќе остане како печат на предавството на оваа генерација на светите идеали на генерации Македонци низ милениумите!
Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!