ПОВИК за создавање на народни листи, како и за избор на градоначалници – вистински домаќини, горди Македонци што ќе служат на својот народ!
Драги браќа и сестри,
34 години живееме во лага наречена „демократија“!
34 години криминалот царува, корупцијата нè гуши, а послушниците на странски центри и теснопартиски интереси нè продаваат за ситни лични привилегии!
34 години гледаме како недостојни луѓе ги узурпираат највисоките функции, срамејќи нè пред светот!
34 години тонеме: наталитетот паѓа, смртноста расте, нашите млади ја гледаат иднината надвор од татковината! Болници и дискотеки ни горат, патишта ни се полни смрт, несреќите се нижат, а системот прави театар од нашите трагедии!
ДОСТА Е!
Македонецу, ти имаш света должност да го срушиш овој гнил систем и да изградиш нова, праведна Македонија! Родина Македонија се роди од срцата на вистинските борци – активисти што се кренаа за одбрана на нашите национални, колективни и индивидуални права! Ние знаеме: системот се менува одвнатре, со храброст, со акција, со народна сила!
Нашата визија е јасна: најдобрите да бидат први во служба на македонскиот народ!
Овој декадентен систем сака да нè замолчи, да ги згасне сите независни и народни иницијативи. Ги менуваат законите, го стеснуваат просторот за слобода, но ние нема да се предадеме!
Нашите барања се јасни:
- Да го чуваме нашето свето име – Македонија, нашата историја и идентитет!
- Секој народен водач да се бори против корупцијата и криминалот, да биде пример за правда и чест!
- Да го заштитиме нашиот дом од урбаната мафија, да ги спасиме водата, почвата и воздухот со строги македонски закони!
- Да создадеме услови за враќање на секој иселен Македонец во својата родна грутка!
- Правда и закон за сите – крај на партиската држава!
СЕГА Е ВРЕМЕТО!
„Родина Македонија го упатува овој повик до сите поединци – родољуби, родољубни движења, политички партии, организации, здруженија и други заинтересирани субјекти кои не се финансирани од странски центри, а кои сакаат да работат за народниот интерес. Секој од нив, во зависност од местото на живеење, односно општина во која живеат и дејствуваат, може да се ангажираат во формирањето на народните листи застапувани од Родина Македонија на претстојните локални избори, а притоа формално и да не се членови на Партијата.“
Време е Македонците да се заинтересираат за политика и политиката да не биде депонија на одродените човечки души, кои го носат севкупниот пад!
Кренете се, браќа и сестри! Ова е повик за сенародно движење, за будење на македонскиот дух! Заедно ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат – патот на слободата, правдата и гордоста!
ВРЕМЕ Е! МАКЕДОНИЈА Е НАША!
Доста беше СДС,
Доста беше ДПМНЕ!
Контакт информации:
Родина Македонија,
Централа: Ул. 27 МАРТ, Бр.10/1-2 (влез 1), Скопје-Центар
Тел: +389 70 403 439; +389 70 403 413
Е-пошта: contact@rodina.org.mk