Пишува,Мартин Буровски, посетител на валаамскиот манастир од 2018/2019 година. Потеклото на отец Методиј со неговото световно име (Венко Петров) е од источниот крај на нашата земја, село Блатец, Виница. Таму завршил основно образование и потоа со неговата фамилија се преселил во Скопје, каде што дипломирал на градежниот факултет. Во неговата младост мечтаел да живее во Италија, но божјите патишта го однеле во Света Гора, во Григоријатскиот манастир кај старецот Григориј. За жал, тогашните политички односи помеѓу Грција и Македонија не биле добри, а отец Методиј бил одбиен од грчките бирократии за добивање дозвола за престој во Света Гора. Скоро никому не му е познато под нашето поднебје дека дедото на отецот подигнал многу манастири како и манастирски конаци, а еден од нив е и манастирот Света Никита на…