Ќе ја Ре-Државизираме Македонија заедно со Македонскиот Народ и со програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА.
Браќа и сестри Македонци. Пред 5 месеци ја објавивме единствената програма во Македонија која дава одговори на жестоките предизвици на поразениот неолиберализам кој под превез на лажна глобализација булдожира нации и граници вклучително и нашата татковина Македонија. Програмата на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е наша заедничка и припаѓа и може да ја преземаат како своја сите суверенистички партии, движења и организации. Ја изложивме пред нашиот Македонскиот Народ програмата на Вистинскиот Македонски Пат за нејзино заедничко доработување, и, најважно, за заедничко спроведување во услови кога во Македонија целиот политички спектар и понуда е во рамките на поразената неолиберална идеја. Сега Македонија има изворна суверенистичка програма, наспроти сите глобалистички ЕУ/НАТО партиски програми кои предлагаат козметика која не е лек за темелните проблеми со кои се соочуваат денес сите народи во борбата против…