РЕАКЦИЈА ПО ПОВОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА
Родина Македонија има сознанија дека во Собранието на Република Македонија е во тек постапката по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка (со европско знаменце). Подносител на Предлогот на законот е пратеникот Скендер Реџепи. Родина Македонија изразува најсериозна загриженост во врска со овој Предлог, со оглед на тоа дека тој навестува спроведување на една идна неодржлива и крајно неприфатлива состојба во поглед на државното земјиште, мотивирани од прикривањето на веќе сторениот криминал со насилно и противправно приграбување на државното земјиште за лични цели, во случајов, за градење, односно веќе изградени семејни објекти за домување. Имено, во поднесеното Образложение на Предлогот се аргументира со тоа дека на сопствениците на ваквите објекти треба да им се овозможи добивање на одобрение за градење на…