СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Политичката партија Родина Македонија, во врска со претстојните локални избори 2025 година, го упатува следново соопштение до јавноста: Имајќи ги предвид последните несфатливи потези на актуелната власт кои се граничат со предавство на македонските национални интереси, посебно од страна на владеачката партија ВМРО - ДПМНЕ, за откажување од учество на локалните избори во западниот дел на Македонија за сметка на нивните албански партнери во власта и каде што албанските партии ќе можат самостојно да формираат листи за настап на изборите, а имајќи ја предвид и целокупната катастрофална состојба во државата генерирана претходно од безумното владеење на СДСМ, Родина Македонија објавува дека за претстојните локални избори се формира коалиција од пет политички партии, со поддршка на уште неколку патриотски здруженија кои ќе настапат под заедничко име „ЗА НАШАТА РОДИНА…

ПрочитајСООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

На покана од Амбасадата на Руската федерација во Македонија, делегација на Родниа Македонија положи свежо цвеќе пред споменикот посветен на Денот на победата над фашизмот. Родина Македонија останува верна на антифашистичките идеали на нашите предци, партизаните Победата ќе биде наша!

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

12 АПРИЛ, ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

Делегација на Родина Македонија денеска му оддаде почит на рускиот космонаут Јуриј Гагарин, положувајќи свежо цвеќе пред неговиот споменик. На 12 април се одбележува Денот на космонаутиката, во чест на историскиот лет на Јуриј Алексеевич Гагарин, првиот човек што патувал во вселената. На овој ден, Советскиот Сојуз успешно го лансираше вселенското летало „Восток 1“, со кое Гагарин ја обиколи Земјата во траење од 108 минути, означувајќи го почетокот на ерата на човечкото истражување на космосот. Советскиот и рускиот допринос за напредокот на човештвото е огромен! За жал нашата Влада нема никакво почитување кон оваквите настани, изостана нивното присуство, како и немање на никакви безбедоносни протоколи кога имаме одбележување на настани во организација на руски државни претставници.

Прочитај12 АПРИЛ, ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКАТА

СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ!

Родина Македонија искажува длабоко сочувство до семејствата на загинатите од пожарот во дискотеката во Кочани. Нашите молитви ќе бидат со вас, Бог да ви даде сила! Се молиме и за брзо оздравување на повредените од овој трагичен настан!

ПрочитајСОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ!

БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

По повод големиот православен христијански празник, БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ, денот кога Господ Исус Христос влезе во реката Јордан за да се крсти од Св. Јован и јавувањето на Бог во три лица (Бог Отец, Бог Син и Бог Св. Дух), Родина Македонија на своите членови, пријатели, поддржувачи и симпатизери, како и на сите Македонци од православна христијанска вероисповест им го честита големиот и светол празник БОГЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ : ,,БОГ СЕ ЈАВИ-НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! Со желби божјата светлина, мудрост, водство и сила да ни помогне во истрајноста во одбраната и борбата за зачувување, негување, одржување и градење на нашата Македонија, македонските име, идентитет, култура, корен, историја, традиција и држава. Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! Пополнете пристапница

ПрочитајБОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024

Откако е формирана во 2020 година и пререгистрирана во 2024 година, во очи на парламентарните избори, Родина Македонија за прв пат настапи на избори за пратеници во Домот на народот. Свесни сме дека нашиот говор, залагања, програмски цели, идеи за мултиполарен свет, со истовремено зачувување на автохтоната древна македонска идеја, се неколку години пред општото сфаќање на народот во нашата Татковина. Токму затоа им благодариме, но и им честитаме на храбрите Македонци, целосно излезени од системот на стариот западен еднополарен свет во изумирање, кои го дадоа својот глас за овие идеи. Во однос на тоа што Родина Македонија доби повеќе гласови од партии кои постојат повеќе време на политичката сцена, можеме и да бидеме задоволни. Но, од аспект на минатиот општествен труд, кога сегашните членови на Родина Македонија…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 9 МАЈ – ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ, СЕ ПОКЛОНИ И ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА“

Родина Македонија по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот се поклони и положи свежо цвеќе пред споменикот „Денот на победата“, во организација на Руската амбасада во Република Македонија. Жртвата на борците од антифашистичката коалиција нè обврзува да изградиме антифашистички праведен меѓународен поредок, за глобален мир и просперитет.

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 9 МАЈ – ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ, СЕ ПОКЛОНИ И ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ „ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА“

ЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА

Родина Македонија упатува честитки до Владимир Путин за неговата инаугурација за Претседател на Русија. Родина Македонија посебно ја цени улогата на Русија во создавање на поправеден меѓународен поредок, каде народите ќе живеат слободно. Токму вашето лидерство во изминатите децении поттикна многу народи да се отргнат од канџите на колонијалното ропство и да тргнат по патот на независноста. Ви посакуваме уште еден успешен мандат и уште посилна Русија.

ПрочитајЧЕСТИТКИ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЛАДИМИР ПУТИН ЗА НЕГОВАТА ИНАУГУРАЦИЈА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 121-годишнината од смртта на нашиот македонски идеолог, учител, револуционер и водач на македонското револуционерно движење, делегација на Родина Македонија положи свежо цвеќе и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, во црквата Свети Спас, Скопје, Македонија. Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

И З В Е С Т У В А Њ Е

за неприсуството на Родина Македонија на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори Во врска со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори за парламентарните избори 2024 година, а кое се случи во Собранието на Република Македонија на ден 17.4.2024 година, политичката партија Родина Македонија ја известува јавноста дека не присуствуваше на чинот на потпишувањето на Кодексот. Постојат повеќе причини за неприсуство и непотпишување на овој Кодекс, а посебно би ги нагласиле следниве причини:             1. Во услови кога владејачката политичка структура, подржана од опозициските партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, изврши промени во Изборниот законик во самото предизборие, а со единствена цел да обезбедат стекнување на предност на претстојните парламентарни избори, сметаме дека уште на самиот почеток се доведува под сомневање чесноста…

ПрочитајИ З В Е С Т У В А Њ Е