РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВЕН ПОВИК
КОАЛИЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВИСТИНСКИТЕ НАРОДНИ ДВИЖЕЊА, до Македонците по род и државјанство.Креирање на НАРОДНИ ЛИСТИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ на општините во Република Македонија.ДА ГИ ВРАТИМЕ ОПШТИНИТЕ ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ И КАКО ДЕЛ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!Катастрофалната, самоуништувачка 30 годишна досегашна политичка агенда на најголемите политички партии се причина за тоталниот распад на државата Македонија, е најголемиот поттик за една оваква взаемна коалиција.Само македонскиот народ, кој е суверенот на нашата држава може и има право да одлучи кој ќе го преставува во институциите на системот.Водени од парадигмата дека секој од нас најдобро знае кој во неговата средина би можел да биде негов репрезент, упатуваме повик за предлози за кандидати за градоначалници и советници.Основната идеолошка матрица на РОДИНА МАКЕДОНИЈА е родољубието, честа, моралот, знаењето и професионализмот…