БАЛ-КАН-ТА пазар
Неколку децениската врвулица на мегалитскиот балкански канта пазар ја достигнува својата кулминација. Тезгаџиите нудат, довикуваат, ги тегнат за ракав минувачите, но и редат сочни обвинувања за своите наводни конкуренти и нивната понуда. Па така оние од левиот ред тезги обоени со плава боја заедно со дивите тезгаџии со плави картонски кутии во моментот својата роба ја нудат со голем попуст и сѐ прават само да ја распродадат истата. Од спротивниот табор, црвените тезги, пак цената ја држат вештачки повисоко и немајќи многу работа постојано довикуваат до минувачите, потенцијалните муштерии, да не купуваат од плавите тезги, затоа што робата им е расипана, крадена и неквалитетна. Вчера беше обратно. Се договараат меѓу себе и полесно продаваат. Монопол. Кога дпне преговараше за името Стево викаше дека душа ќе вади на некој…