ЈАВНА ДЕБАТНА ТРИБИНА на тема: „Ефектот на дестилирана вода (Aqua purificata) и Родина Македонија”
КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Малкумина знаат за ефектот на дестилирана вода врз екстремно жеден човек во неповолни услови. Имено, кога е многу жешко, ни паѓа многу тешко и бргу ожеднуваме бидејќи многу се потиме. Преку потта излачуваме Na, Ca, F, Mg, Cl и др. елементи, т.е минерали. А истите тие ни се неопходни за органелите во самите клетки, функции на клетките, органите и ткивата. Кратко кажано организмот без нив почнува да откажува за кратко време од (5-15 дена) зависно од условите. Дестилираната вода не содржи минерали, таа е 100% Н2О, најчистата вода воопшто. Но, ако човек во пустина пие дестилирана вода, при неповолни услови за живот, организмот бргу ќе откаже заради недостаток на минералите. И затоа организмот, иако без избор, се штити од…