ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

Од лидерските средби на лидерите на ДПМНЕ и СДС, најмногу настрада Македонија во изминатите 30 години. Избришано име, компромитиран идентитет, изгубена сувереност, урнат Устав, фалсификуван попис, раселен народ, девастирана економија, здравство, образование. Во Македонија напредува предавството, корупцијата, лажните докторати, лажно образовани луѓе, партизација на општините, државата, институциите, трансродовите и други сексистички идеологии на умно пореметената глобална елита и албанската иредента. Да се биде водач на еден народ, значи да се служи на тој народ! Лидерите на ДПМНЕ и СДС во изминатите децнии служеа на сите, освен на македонскиот народ.Народ кој умира од болка за срамот нанесен од политичките дилетанти од СДС и ДПМНЕ. Затоа лидерските средби помеѓу СДС и ДПМНЕ треба да ги именуваме со правото име, средби на измеќари на странските интереси! На Македонија ѝ е потребен…

ПрочитајЛИДЕРСКА СРЕДБА, ИЛИ СРЕДБА НА ИЗМЕЌАРИ НА СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

ЦЕНЗУСОИДНИОТ НИ ПРЕЦЕДНИК, РЕКОЛ-ПОРЕКОЛ

Докажаниот дуализам, во контекст на негово колебање и континуирано менување на личните ставови, на цензусоидниот претЦедател на северЏГанија, се потврди и во темата, контроверзниот договор со „Бехтел и Енка“. Со невидена брзина (за само 2 дена) го „растумачи“ фамозниот договор со „Бехтел и Енка“ за изградба на т.н. коридор 8 и делницата 10 д, без многу анализирање (а само пред некој ден рече дека дел од законите не ги прифаќа) и на пресот од 29 мај 2023 година рече дека ќе ги потпише указите за 5-те изгласани закони кои се услов за започнување на работа на автопатот. Помпезно не извести дека ќе ги потпише указите за сите пет измени на законите или веќе ги потпишал, кој да го верува, односно, измени на Законот за работните односи, на Законот…

ПрочитајЦЕНЗУСОИДНИОТ НИ ПРЕЦЕДНИК, РЕКОЛ-ПОРЕКОЛ

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)

Не престануваат уцените и понижувањата од западните сили кон македонскиот народ во сопствената држава! Повторно се редат разно разни емисари од САД, Германија, западните земји, за ново понижување, внесување на Бугарите во Уставот. Од друга страна, правата на македонското малцинство во земјите членки на НАТО и ЕУ, Грција и Бугарија, се на ниво како во средниот век. За себе не смеат ниту да помислат, а не пак да кажат дека се Македонци. Во таа уцена се приклучи и новата американска амбасадорка, Агелер, која изјави: „Ако тешките одлуки не ги направите до декември, луѓе во Белата куќа ќе прашуваат колку сте посветени за ЕУ“. Ако подлабоко анализираме, нејзинаta екселенција, госпоѓата Агелер, иако така изгледа, таа не ни се обраќа нам, на македонскиот народ. Затоа што не нѐ ни приметува,…

ПрочитајПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)

НЕЗАБОРАВ…

...ЕДИНАЕСЕТ  ГОДИНИ (12 април 2012 год.) ОД МАСАКРОТ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО! ТЕЖОК ПЕТОК БЕШЕ... ...КРВАВИ СОЛЗИ ТЕЧЕА ОД ОЧИТЕ НА НАШИТЕ МРТВИ ДЕЦА... РАЗВРСКА НЕМА... И ТИЕ ПЕТ НЕВИНИ ЖРТВИ СЕ ДЕЛ ОД ЗАГОВОРОТ БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА! НИВНИТЕ ЧИСТИ, НЕВИНИ ДУШИ ПОСТАВЕНИ НА ЖРТВЕНИКОТ ЗА ДОКУСУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ И НА МАКЕДОНИЈА, НА СЀ ШТО Е МАКЕДОНСКО! НЕКА ВИ Е ВЕЧНА СЛАВА И ПАМЈА! ВИЕ СТЕ НОВИТЕ МАКЕДОНСКИ МАЧЕНИЦИ..                                                                                                                                                                          НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ ЗЕМАМЕ ЗАВЕТ ДА ВЕ ОСВЕТИМЕ И ОСВЕТЛИМЕ!!! Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/

ПрочитајНЕЗАБОРАВ…

СРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ НА УШТЕ ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК!

„Просторот овде е затруен од дезинформации генерирани од Русија“, изјави Џејмс Рубин - специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент. Американскиот специјален претставник побара затвoрање на руската новинска агенција Russia Today (RT) на глобално ниво, затвoрање на RT во Белград, како и затвoрање на руски медиуми во Република Македонија. Оваа апсурдност е траги-комична бидејќи македонскиот медиумски простор е под целосна контрола на западните информативни пропагандни системи, а сѐ останато функционира алтернативно, надвор од националните фрекфенции. За какви руски медиуми и руско влијание говори тој кога во Македонија се слеани 67 милиони американски долари за борба против руските „дезинформации“? Сѐ што доаѓа од САД е декадентно, анти демократско, корупциско. Луѓе без манири ни доаѓаат и си земаат за право да диктираат услови на…

ПрочитајСРАМНО ОДНЕСУВАЊЕ НА УШТЕ ЕДЕН АМЕРИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК!

ЗАБЕГАВТЕ 780% !

Уставниот суд, инаку уште една недостојна институција која зема плата од Буџетот на Република Македонија, односно од народната каса, а кој испорачува континуирана неправда, непочитување и кршење на Устав, државен удар, прогон на луѓе кои бранеле Устав, донесе одлука, после која функционерите може да си ги зголемат платите за 78%, но и платите на самите „чесни“ судии. Па така Претседателот, кој својот народ си го нарече стока и кој не би живеел во земјата на која е Претседател, една случајна личност на таа позиција, ќе зема народни пари, незаслужено од 93.000 на 165.000 денари. Пратениците, посебен вид на луѓе, безрбетници, кои предадоа се што можеше да се предаде од унитарност, знаме, име, идентитет, ќе земаат народни пари незаслужено, од 60.000 денари на фантастични 103.000 денари. Премиер, министри, заменици…

ПрочитајЗАБЕГАВТЕ 780% !

ПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

РОДИНА МАКЕДОНИЈА целосно го поддржува викарниот епископ Стобиски отец Јаков во неговите напори да допре вистината до народот. Како вонпарламентарна партија тешко можеме да допреме до повеќе народ, единствено до верните наши гледачи и читатели. Долго време зборуваме на темата, ја разобличувавме Истанбулската конвенција, изворот на ова родовско зло! Достојниот владика преку организираните четири трибини со фондацијата Елеуса допре до народот за да конечно му се даде прилика да зборува и на мејнстрим медиум. За краткото отстапено време ги кажа сите вистински нешта, сите опасности кои демнеат, ја спомена и опасната Истанбулска конвенција која држави членки на ЕУ ја напуштија, некои не ја ниту ратификуваа. На последната трибина учество зеде и Коалицијата за заштита на децата за што сме посебно задоволни и почестени! Надеж влеваат искажаните ставови на…

ПрочитајПРЕД ВИСТИНАТА И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

СОБРАНИЕТО КАКО ДОМ НА ТЕРОРИЗМОТ, КРИМИНАЛОТ, СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ И АНТИМАКЕДОНИЗМОТ!

Собранието ја одби иницијативата за ставање на предлог законот за амнестија на осудените за „27 април“. Ништо ново! Собранието на Република Македонија, денес Собрание на „Нивната земја“, веќе подолг период е претворено во гласачка машина за амнестирање на УЧК терористи, реализирање на странски антидржавни проекти, лично енормно богатење и дом на антимакедонизмот. Во суштина, тој Дом на демократијата е спротивност на се што е народната волја и идеалот на Македонецот за суверена и незавина Македонија. За нас Македонците затворени за „27 Април“ се Уставобранители, тие се најдобриот дел од нас кои ни покажаа како треба да се реагира кога политичкото подземје ја превзема државата, преку хибридна војна и државен удар. Во секоја друга држава, таквиот обид ќе беше спречен на уште погруб начин. Потребни се коренети суштински промени,…

ПрочитајСОБРАНИЕТО КАКО ДОМ НА ТЕРОРИЗМОТ, КРИМИНАЛОТ, СТРАНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ И АНТИМАКЕДОНИЗМОТ!

ПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, пристигнува во земјата која е темелно урната од нивната хибридна војна, т.н. „Шарена револуција“, или како што вели самиот, во земјата на Албанците и православните. За нас Македонците означување како православни не е навредливо, но од контекстот во кој е ова кажано, многу добро разбираме која е улогата на американската дипломатија, онаа која нам ни е добро позната! Во нивната перцепција оваа територија е земјата на Албанците, без друг национален елемент во неа, односно само верски - православен, со избришан македонски во целина. За воља на вистината, гледајќи ја моменталната состојба и вклученоста на сите албански партии во Владата и привезокот СДС која е седната во нивен скут, но исти такви се и проамериканските ДПМНЕ,…

ПрочитајПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

УШТЕ ЕДЕН МЕГА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА ВЛАДАТА И ЗАПАДНИТЕ СТРАТЕШКИ, ОВОЈ ПАТ СО АВТОПАТИШТАТА!

Тие кои ја мереа трасата на кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид, денес го одобрија договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој ќе биде потпишан од страна на Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Интересно е што ваков договор се потпишува по заобиколни патишта, без јавно наддавање и тендер, нетранспарентно, а ќе биде платен со народни пари во висина од фантастични за македонски услови 1.3 милијарди евра! Што е спорно во овој договор? Законот кој го донесе Собранието, овозможува постапка која нема да биде предмет на тендер, туку со директна спогодба со познат изведувач.Интересно е што предлогот за носење на овој закон не е од страна на Владата на „нивната земја“, туку од пратениците Јован Митревски, Арбр…

ПрочитајУШТЕ ЕДЕН МЕГА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА ВЛАДАТА И ЗАПАДНИТЕ СТРАТЕШКИ, ОВОЈ ПАТ СО АВТОПАТИШТАТА!