ПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

Синоќешниот настан во бугарското Собрание, каде парламентарци извадија памфлет на кој пишуваше „Македонија е Бугарија“, ни дава до знаење дека во Бугарија повторно дуваат ветриштата од 1941 година, кога токму бугарското Собрание донесе едногласна одлука за ОКУПАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА. Кога Македонците го поразија бугарскиот фашизам во 1945, добар дел од гревовите на Бугарија и бугарскиот народ беа простени, а беа договорени низа на активности во бугарското општество за добивање на човекови права на Македонците, како и добивање на културна автономија на Пиринска Македонија, која подоцна требаше да се приклучи кон СФР Југославија. Со повторното повампирување на фашизмот во бугарското општество, Родина Македонија ќе го актуелизира прашањето за воени репарации од страна на Бугарија кон Македонија за периодот од 1941-1945, враќање на Пиринскиот дел од Македонија кон Матицата Македонија…

ПрочитајПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата. Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата! Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција! Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија…

ПрочитајЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

ПОДДРШКА НА ОДВАЖНИОТ АКТ НА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

Кога комплетниот институционален држвен систем е ставен во потчинетост на субверзивната агенда на големите сили и алчните апетити на соседите, секој чин, на поединец или организација, за спас на државата и заштита на националните интереси е повеќе и‘ од насушна потреба! Да потсетиме, Родина Македонија даде остра критика за отворањето на скандалозниот клуб ‘‘Иван Михајлов‘‘ во Битола, каде ги искажавме опасностите од активноста на такво антимакедонско дувло. Но и од дрскоста на небулозната, незаконска документација за отворање на едно овакво сомнително дувло со отворен фашистички карактер, под името на џелатот на македонската национална идеа, отворен соработник со фашистите и фашист! Посебно кон дрскоста и парадирање на отворен фашизам од страна на цела државничка бугарска елита=булумента на македонско тло! Поставивме отворено прашање, ако Македонија е плод на комунизмот (нивна…

ПрочитајПОДДРШКА НА ОДВАЖНИОТ АКТ НА ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

ЗА СПАС НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

Можеби сте забележале, а сигурно и сте виделе!?Секој втор текст, објава или рубрика во ‘‘Курто&Мурто‘‘ медиумите е на тема : “Младите се исселуваат“ (но веќе и постарите) и заради тоа се‘ поопасна станува “Белата чума“ во состојба на пандемија, супра- пандемија, студена, а Богами и Жешка војна… Но, ова не е “тазе“ проблем. Во 2004 год кампањата на Гурјо беше “Главата Горе- да го спречиме исселувањето“. Потоа во 2015год Шарените (куртон) револуционери, редеа патики пред влада, како перформанс, за мотото “Да го срушиме груевизмот- да престане исселувањето“. Денес (во втората половина на 2022 год), сме повикувани, повторно и повторно на протест под мотото “Не е намалена невработеноста, народот се иссели“.И така ДПМНЕ по 3-4 пат за овие 30 год, не повикува под истото мото, да делуваме за да…

ПрочитајЗА СПАС НА НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

СРАМНА ОДЛУКА НА МНР, ОДНОСНО НА ИСПОСТАВАТА НА УЧК!

Срамна е одлуката на МНР, односно испоставата на УЧК, да не дозволи прелет на авионот на Министерот за надворешни работи на Русија, почитуваниот Сергеј Лавров за официјална средба во трета земја! Срамен е и молкот на двете евроатлантистички партии СДС на нивната земја и ДПМНЕ на нивниот народ, кои се само декор на оваквата политика, која е антинародна, антимакедонска. За жал и добар дел од нашиот народ дреме во двете идеолошки умрени евроатлантски системски партии ДПMНЕ и СДС и се дел од оваа срамна политика, која Македонија веќе скапо ја чини. Цените на енергенсите, вештачкото ѓубриво, храната, неизвезеното земјоделско производство, уништени енергетски капацитети, хидро потенцијал е пред се ПОСЛЕДИЦА на погрешните политики токму на оваа влада, инсталирана преку изборен менаџмент и шарени револуции, уценети политичари, итн… Родина Македонија…

ПрочитајСРАМНА ОДЛУКА НА МНР, ОДНОСНО НА ИСПОСТАВАТА НА УЧК!

ПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

Последниот бран на поскапувања уште еднаш ни ја покажува безидејноста и бедата на „Нивната земја“, со единствена употребна вредност, воена колонија на САД и НАТО и депонија на нивниот отпад. Изборот е еден со „бесплатното“ европско здравство на три децениски пат кон ЕУ, со сите можни реформи и западни менаџирања на состојбите, ја донесоа Република Македонија до самата бездна, демографска, економска, социјална, морална. Алчноста на поединецот, корпорацијата и вечно ненаситна за ресурси западна цивилизација „вешто“ прикриена со театарот на демонкратијата! Цените на храната, енергенсите во голем дел се последица и од погрешната стратешка поставеност на Република Македонија, која со санкциите кон Русија, си стави јаже околу вратот и се обеси пред очите на НАТО и ЕУ, за да покаже колку сме НАТО и ЕУ! Нашата заглавеност во западниот…

ПрочитајПАТОТ Е ЕДЕН И 110 ДЕНАРИ ЛИТАР БЕНЗИН!?

Честит 24 Мај, Ден на сесловенските просветители

„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глупави?“ Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, ден на Светите солунски Браќа Кирил и Методиј од Македонија!Македонија е просветителство, Македонија е будителство, Македонија е писменост, добрина, љубов кон својот род и народ!

ПрочитајЧестит 24 Мај, Ден на сесловенските просветители

МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Е АПОСТОЛСКА ЦРКВА, ТОА Е БЛАГОСЛОВ КОЈ РЕТКО КОЈА ЦРКВА И НАРОД ГО ИМА!

Повод за реобјава на реакцијата-колумна од 29.10. 2020 год е, „Признавањето‘‘ на Охридската архиепископија со јурисдикција во границите на С.Македонија, од страна на Светиот синод на Вселенската патријаршија и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. А се остава на српската црква да ги уреди „управните прашања што ги има помеѓу неа и црквата во С.Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Зачудувачки се честитките кои надвасаа од сите страни на едно овакво надефинирано признавање, полно со нејаснотии, недоречености, очекувани понижувачки уцени и пред се‘ изоставување на целосното име на македонската црква –Македонска православна црква Охридска архиепископија. 29.10. 2020 год Родина Македонија и македонскиот народ се сериозно загрижени, но и непријатно изненадени и разочарани од непринципиелниот однос на МПЦ – Охридската Архиепископија, која како дел…

ПрочитајМАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Е АПОСТОЛСКА ЦРКВА, ТОА Е БЛАГОСЛОВ КОЈ РЕТКО КОЈА ЦРКВА И НАРОД ГО ИМА!

ДРЖАВОТВОРНАТА УЧК!?

Во Слупчане, на територијата на Република Македонија, се подигна уште еден споменик на терористичката УЧК, „државотворна“, како што вели Алија Ахмети. Како успеа една терористичка организација да стане државотворен елемент? Ако ја погледнеме сценографијата на УЧК од првиот ден, со знамињата на САД, НАТО и ЕУ, логистиката која ја добиваше од западните земји, од Косово менаџирано од западните сили, но и во тоа време многу активната германска тајна служба БНД во западна Македонија, „заборавените“ Хашки случаи, ни го дава менаџерот на тој процес. Истиот тој западен елемент е соработник на многу терористички организации во светот кои ги користи за уривање на суверенитетот на државите, од СР Југославија, па преку Ирак, Либија, Сирија, Македонија, денес Украина…. Дали Фактчекерите, Сорос Отворено Општество, Хелсиншки комитети и други шарени кондом револуцинери ќе…

ПрочитајДРЖАВОТВОРНАТА УЧК!?

ВИСТИНОМЕР, ЛАГИТЕ И КОНСТРУКЦИИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПАРИ И НИВНИТЕ СЛУГИ!

На 27 април 2022 година, некој си „медиумски” „аналитичар” Жарко Трајаноски пишува текст за Родина Македонија, кој ако успеете да го прочитате до крај, ќе видите дека е од истата светска кујна каде се создаваат текстови за сите кои не се дел од западниот светски поредок, или модерно наречен BBB, Build Back Better, со нивниот лидер Џо Бајден. (Здраво Џо). Текстот е пренесен, замислете од Вистиномер, тој кој кажува што е вистина, а што лага, ама со западни пари и интереси. Финансиери на Вистиномер Бидејќи знаеме дека оваква плуканица полна глобален шлајм ретко кој може до крај да ја прочита, ние само ќе издвоиме еден дел, за да ви прикажеме како функционира тој декадентен отчовечен систем. „Проруската ориентација на „Родина Македонија“ се гледа и во статутот, каде што…

ПрочитајВИСТИНОМЕР, ЛАГИТЕ И КОНСТРУКЦИИТЕ НА ЗАПАДНИТЕ ПАРИ И НИВНИТЕ СЛУГИ!