СУВЕРЕНОСТ, СУВЕРЕНИЗАМ И НИВНАТА СМРТ`
Колумна: Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија Во македонското општество ретко кој ги разликува овие два блиски термини, а уште поретко го разбира нивното значење. Токму оттаму доаѓа и целосното губење на вродената потреба за сувереност, а со тоа и губењето на државата како збирна алатка на народот да ја оствари оваа природна и од Бога дадена привилегија. Изразот „Суверенизам" во македонската социологија е неточно препишан од СССР учебниците во 1990г. Дополнително, со осамостојувањето на Р. Македонија, овој термин започнува да се употребува и каде треба и каде не треба. Но, со војната од 2001г и со фактичкото потпишување на капитулација пред NATO агресорските сили и домашните предавници, се губи од употреба во општествениот и политички речник. Но, да одиме од почеток. Сувереност е философски поим…