МАКЕДОНИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ ЗА ВЕЧНО ПОТКУСУРУВАЊЕ ВО ИМЕ НА (НЕ) МИРОТ НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО
107 години од Букурешкиот договор, 10 август 1913г 19 години од Охридскиот рамковен договор 13 (10) август 2001г Пишува Елизабета Чингарова Матевска *НЕ СЛУЧАЈНО овакви црни настани, инсценирани во темните кулоари на заговорниците на најдолниот човечки род, тенденциозно се случиваат на ист датум. Симболиката на повторувањето на овакви грозоморни расчеречувања и бришења на еден народ, дефинирани на ист датум, дури и 100-тина години покасно, е со единствена цел, врежување на не афирмативното во колективната меморија со цел на дезорганизираност, пониженост, анксиозност, резингираност. По некоја не предвидена предходно не превземена активност вториот настан, официјално ‘касни‘ 3 дена, поради тобожното спротивставување на дел од потписниците и покажување на наводното нивно силно патриотско чувство. Но истите, под притисок на тешки дипломати, поради нивните не примерни криминални дејанија, си потпишаа ‘како попчиња‘,…