Реакција на Родина Македонија, по повод заканите кон учениците кои го користат правото на протест, од директорот на средното училиште „Никола Карев“ од Скопје
Родина Македонија е згрозена од настапот на директорката на средното училиште „Никола Карев“, која од позиција на директор се закани кон учениците кои решија да протестираат за своето основно човеково право, правото на здрав живот во својата татковина Република Македонија. Позицијата директор, политичар, градоначалник, премиер, министер и други општествено одговорни функции се плаќаат од Буџетот на Република Македонија, односно од народот на Македонија и ако некој треба да понесе одговорност, тоа се тие одговорни позиции пред народот и родителите на тие деца. Родина Македонија укажува на компромитираноста на целокупниот општествено политички и образовен систем по однос на суштински прашања за државата, од рушење на уставниот поредок на Република Македонија, загаденоста на воздухот, судството,рекетот, криминалот, односно општествениот систем во целост и повикува на сеопшта мобилизација за преуредување на државата…