Господине Мицковски, Заев не во историјата, туку треба да оди в затвор
A СДС не во опозиција, туку во меѓународен список на забранети терористички организации за злосторство против сопствениот народ.За потсетување, Заев не го избра народот на избори, туку го наметнаа на власт воено-разузнавачки структури, преку нелегални прислушкувања, закани упатени кон тогашниот легитимно избран премиер, за кои јавноста имаше прилика да се увери од снимениот материјал и серија јавни деструктивни акции режирани и платени од странски организации а во јавноста познати како шарена револуција. Сето ова се случуваше со силни дипломатски притисоци од одредени западни амбасадори и западни политичари, припадници на темната западна елита. Сето ова сумирано, а прикажано преку призмата на современите воени теории, представува окупација на Македонија и на македонскиот народ, изведена со специјална војна и преку државен удар и воспоставување на марионетска влада, уништување на државата Македонија…
