ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАПАДНИТЕ УЦЕНИ! (КОЈ ФАКТОР Е БЕЛАТА КУЌА?)
Не престануваат уцените и понижувањата од западните сили кон македонскиот народ во сопствената држава! Повторно се редат разно разни емисари од САД, Германија, западните земји, за ново понижување, внесување на Бугарите во Уставот. Од друга страна, правата на македонското малцинство во земјите членки на НАТО и ЕУ, Грција и Бугарија, се на ниво како во средниот век. За себе не смеат ниту да помислат, а не пак да кажат дека се Македонци. Во таа уцена се приклучи и новата американска амбасадорка, Агелер, која изјави: „Ако тешките одлуки не ги направите до декември, луѓе во Белата куќа ќе прашуваат колку сте посветени за ЕУ“. Ако подлабоко анализираме, нејзинаta екселенција, госпоѓата Агелер, иако така изгледа, таа не ни се обраќа нам, на македонскиот народ. Затоа што не нѐ ни приметува,…