БУГАРСКИОТ (ЕВРОПСКИОТ) ФАШИЗАМ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО ВО МАКЕДОНИЈА

На 7 октомври 2022 год. е најавено отворањето на вториот клуб на Бугарите во Македонија, во Охрид под контроверзно име „Цар Борис III“. Поразителна информација е и тоа што е објавено на социјалните мрежи од извесен Виктор Стојанов од Фондацијата Македонија од Бугарија, дека наскоро треба да очекуваме промоција на уште едно бугарско здружение кое ќе се отвори во Богданци и ќе го носи името „Цар Фердинанд“. Сега, во „селото без кучиња‘‘ бугарските фашисти заедно со внатрешните предавнички изроди воведуваат самоволие и диктатура, преку флоскулата - законски недоречености. БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ КЛУБОВИ низ македонската земја си никнуваат како отровни печурки во секој град. Повеќе од тривијално е да се објаснува законската можност, која овозможува да се формираат т.н. клубови под имиња на докажани фашисти („Ванчо Михајлов“, „Цар Борис III“),…

ПрочитајБУГАРСКИОТ (ЕВРОПСКИОТ) ФАШИЗАМ ПУШТЕН НА НАЈЈАКО ВО МАКЕДОНИЈА

СЕРИОЗНИ ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРОМЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, МОЖАТ ДА НАПРАВАТ САМО ВИСТИНСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИ

Со брзина на светлинатa делуваат нашите надредени, кои си воспоставија апартхејд како своја мерка и тоа во XXI век, во сите сегменти на државниот, општествен и бизнис сектор и тоа воглавно по буџетска тендер систематизација, т.е. злоупотреба на народните пари. Според последните информации, откако цензусоидниот претседател Пендаровски ја даде изјавата насочена кон Владата: „10 години не е ништо направено во образованието, за жал, не гледам ниту дека има план, затоа имаме 95% функционално неписмени“, намесничко-марионетската Влада, со брзина на светлината на 5 октомври 2022 год, објави информација за веќе формиран Совет за унапредување на образованието и науката!? Наводно, предлогот е на Министерството за образование и наука, а Владата на 4 октомври 2022 год. ја усвоила информацијата за потребата од формирање на Советот. Секако, повеќе од индикативно е дека станува…

ПрочитајСЕРИОЗНИ ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРОМЕНИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, МОЖАТ ДА НАПРАВАТ САМО ВИСТИНСКИ ФУНДАМЕНТАЛИСТИ

ЦИРКУЗОТ НАРЕЧЕН ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРИГИЈА!

Претседателот на Регулаторна комисија за Енергетика (РКЕ),Марко Бислимоски, ќе оди по скали наместо со лифт, но до скалите ќе пристигне со службениот автомобил кој полни бензин со парите од Буџетот на Република Македонија, односно со парите од македонскиот народ. Оваквите агенции кои се надвор од контрола на Владата, изникнаа како печурки после дожд, со единствена цел, корпорациските странски и приватни интереси да се постават над државните, односно народните, За остварување на профит и ништо друго. Една од главните програмски цели на Родина Македонија е укинување токму на овие Агенциите и враќање на ингеренциите под министерствата. Во Република Македонија, во изминатите 77 години од независноста, електроенергетските објекти се подигнати од македонскиот работен народ, заедно со електро дистрибутивната мрежа. Да потсетиме, во минатото Македонецот плаќаше и до 2000 германски марки…

ПрочитајЦИРКУЗОТ НАРЕЧЕН ШТЕДЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРИГИЈА!

ДРЖАВАТА И ЕВН ЗАШТИТНИЦИ НА КРИМИНАЛОТ НА ВЕКОТ СО СТРУЈАТА!

Со чудење го следиме однесувањето на Јавното обвинителство, приватната компанија ЕВН, Владата на Република Македонија, инаку сите до еден членки на западниот европски клуб, во случајот со грабеж на струја во Арачиново, но и во другите места населени со Македонци од албанско етничко потекло. При докажан криминал, КРАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, Јавното обвинителство, ЕВН, како и Владата се однесуваат како соучесници, што е кривично дело, прикривање на сторен криминал. Дознаваме дека таквиот грабеж е евидентиран како загуби во мрежа, што преставува фалсификување на службена документација, што е повторно тешко кривично дело, со кое е оштетена државата Македонија. Таквата загуба се пpикрива преку сметките кои ги плаќаат редовните плаќачи на електрична енергија под ставка трошок за дистрибуција, односно загуби во мрежа, што преставува грабеж на целото население на Република…

ПрочитајДРЖАВАТА И ЕВН ЗАШТИТНИЦИ НА КРИМИНАЛОТ НА ВЕКОТ СО СТРУЈАТА!

РЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНАТА ТЕШКА ЕКОНОМСКА КРИЗА

По повод најавената економска криза, чиј обем Владата се плаши да го соопшти, а која е последица од воведувањето на самоубиствените санкции кон Руската Федерација и кои на подолг рок ќе предизвикаат целосен колапс на македонската економија, енергетскиот сектор, како и комплетното производство на храна кое во голема мерка зависи од увозот на суровини токму од Русија, Родина Македонија ги повикува Владата и Собранието на оставки и формирање на експертска влада (кризен штаб), составен од вистински експерти, независни од партиски влијанија кои ќе имаат за цел полесно справување со надоаѓачката криза. Исто така повикуваме на итно прекинување на санкциите кон руската федерација и унапредување на политичката и пред се економската соработка со истата, со цел враќање на меѓусебните односи од пред февруари 2022 година.Новата влада да прогласи воена…

ПрочитајРЕАКЦИЈА НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНАТА ТЕШКА ЕКОНОМСКА КРИЗА

‘‘Цар Самуил је пуно шетао и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари!‘‘

После вчерашната официјална информација од тн Историска комисија за релативизација и распродавање на македонската историја, повеќе никој не е изненаден од тн препораки. Препораки има за заедничко историско чествување, одбележување, помеѓу Македонија и Бугарија на историските личности, СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ и ЦАР САМОИЛ. Прашањето кој кому дава препораки , комисијата на политичарите или политичарите на комисијата е ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО! Воедно има и препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Македонија Откога екс намесникот Заев, сликовито ни објасни, дека ‘‘Цар Самуил је пуно шетао и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари!‘‘, СЕКОЈ ЗДРАВОУМЕН МАКЕДОНЕЦ СВАТИ, ДЕКА СУДБИНАТА НА ОВИЕ ТРОЈЦА ЗНАЧАЈНИ МАКЕДОНСКИ ИСТОРИСКИ ЛИКОВИ ЗАСЕГА Е ПОБУГАРЧЕНА! Воедно, пристигна…

Прочитај‘‘Цар Самуил је пуно шетао и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари!‘‘

ПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

Да се биде опозиција, опозит, значи да се биде поинаков од тој што во моментов владее.А тие во моментов владеат спротивно на народната волја изразена со Референдумите од 8 Септември 1991 година и 30 Септември 2018 година, спротивно на Уставот на Република Македонија.. Со референдумот од 30 Септември 2018 година, македонскиот народ даде јасен и недвосмислен одговор дека не сака во ЕУ под наметнатите услови, Преспа, но тука се мисли и на другите понижувачки договори. Македонија во НАТО е спротивно на референдумската волја, на диво! Токму „Францускиот предлог“ е дел од тој процес за кој веќе имаше референдумско изјаснување и нема потреба од ново! Родина Македонија ја прашува парламентарната опозиција, зошто народот излегуваше во изминатите 10 дена? Тоа сигурно не беше за референдум!Зошто таа енергија не беше поткрепена…

ПрочитајПОВИК ДО ПАРЛАМЕНТАРНАТА И ВОНПАРЛАМЕНТАРНАТА ОПОЗИЦИЈА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМСКИТЕ ОДЛУКИ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА најостро ја осудува примената на прекумерна сила, но и репресивни методи против својот народ, посебно против жени, деца, и пензионери кои најмногу страдаа во стампедото предизвикано од специјалните борбени единици на северна! И за жал, ова не е прв ваков брутален начин на изживување врз недолжни цивили и мајки со деца (под 10год) кои дошле да го изразат своето незадоволство од 30 годишното негирање и преговарање со негаторот. РОДИНА МАКЕДОНИЈА најодговорно ви тврди (видено од првите редови) дека немаше никакво: „Палење на полицајци", „Вооружени вандали" и „Загрозување на животот "! Но, затоа имаше грубо легитимирање со тегнење и влечење, легнување на земја и газење со цокули, употреба на прекумерна сила (и до 3 полицајци на еден голорак протестант) и низа други провокации на хунтата со цел…

ПрочитајРОДИНА МАКЕДОНИЈА ЈА ОСУДУВА ПОЛИЦИСКАТА БУРТАЛНОСТ ВРЗ ГОЛОРАКИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД!

ПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

Синоќешниот настан во бугарското Собрание, каде парламентарци извадија памфлет на кој пишуваше „Македонија е Бугарија“, ни дава до знаење дека во Бугарија повторно дуваат ветриштата од 1941 година, кога токму бугарското Собрание донесе едногласна одлука за ОКУПАЦИЈА на МАКЕДОНИЈА. Кога Македонците го поразија бугарскиот фашизам во 1945, добар дел од гревовите на Бугарија и бугарскиот народ беа простени, а беа договорени низа на активности во бугарското општество за добивање на човекови права на Македонците, како и добивање на културна автономија на Пиринска Македонија, која подоцна требаше да се приклучи кон СФР Југославија. Со повторното повампирување на фашизмот во бугарското општество, Родина Македонија ќе го актуелизира прашањето за воени репарации од страна на Бугарија кон Македонија за периодот од 1941-1945, враќање на Пиринскиот дел од Македонија кон Матицата Македонија…

ПрочитајПОВАМПИРЕНИОТ БУГАРСКИ ФАШИЗАМ ВО 21 ВЕК, МОРА ДА БИДЕ ПОВТОРНО ПОРАЗЕН!

ЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА

Идентитетот наш, на македонскиот народ, е определен од генезата на името Македонија.Оттука се‘ започнува и се‘ завршува!И Националниот Идентитет е определен со основните критериуми, помеѓу кои првиот е јазикот, а потоа, етницитетот, историското минато, културата, територијата. Затоа и првата работа која ни ја наметна ‘‘меѓународната‘‘ е кон бришење на името на државата, од Лисабонската забрана на употреба на името Македонија, наметнувње на привремена референца, до ‘‘дефинитивна‘‘ промена на името на државата! Повеќе од дефинирана е причината на сите проблеми кои како темна верига натежнале и секојдневно се нижат врз нас, е понижувачкиот Преспански монструозан договор, со кој ексклузивното право на зборот македонски го доби Грција! Секако тука се и договорот со Бугарија, Тиранската платформа, Охридскиот договор, кои длабоко навлегуват во идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија…

ПрочитајЈАЗИКОТ НАШ НАСУШЕН Е РИЗНИЦА НА НАШАТА МЕМОРИЈА