КОЛУМНА: ТОМЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Модерна демократија е општествен термин кој се користи од „колективниот запад” за државното уредување на западно- европските, северно- американските и далечно пацифичките држави. Со други зборови, земјите на комонвелтот или држави кои биле поранешни колонии на Англија.
За да се направи дистинкција (разграничување) помеѓу поимот демократија и англо-саксонската (модерна) демократија воведен е терминот „Совршена”, демек таа основната, античката била со недостатоци и била несовршена.
*Како во пракса изгледа таа совршената демократија? Е тоа е од значителен интерес за 3/4 од човештвото, а посебно за ден-денес, поделена Македонија и негираните (во секој поглед) Македонци.
Самата појава на оваа „совршена” демократија се поклопува со периодот на појавата на Еугениката и еволуционистичкото учење, дека сите луѓе не се браќа, туку тие потекнуват од различни видови мајмуни, а со самото тоа црнците и другите темнокожи луѓе се поблиску до мајмуни и еволутивно заостанати, што ќе рече може слободно да бидат робови и да се одгледуват во зоолошки градини како „missing link”… нешто помеѓу човек и мајмун, се‘ до 1956 год. А “ловот на луѓе” за потребите на оваа демократија бил легален во Австралија и Тасманија се до 1940 год.
Жените немале право на глас, исто како робовите, но и слугите…
Но барем белите мажи имале право да избираат и да бидат бирани. И тие редовно избирале…избирале некого да поробат, уништат и да се обогатат на етноцидот и геноцидот на цели народи и цивилизации. Така „совршените демократи” совршено сложно гласале: да им го земат златото и земјата на Индијанците, снагата и дијамантите на Африканците, културата и пронајдоците на Азиијците и голата егзистенција на Австралијанците , кои ги нарекле АбОриџин (оние со ненормално потекло), верувале дека потекнуват од хуманоиди слични на Неандерталец или Кромањонец, но не и од Homo sapiens. И затоа може да се ловат за спорт и рекреација, како да се животни.
И си велите добро тоа било пред 50-70 год. Денес „совршената модерна демократија ” се усовршила и модернизирала. Што само по себе е нихилизам: Да се усоврши нешто што е совршено…
И да во право сте. Денес 21-ви век во колевката на „модерната совршена демократија” владее крал и кралско семејство кое не е избрано од никого и не му полага сметка никому. Но има парламент, кој е преставен од спикер истотака неизбран од никого…потоа има влада која не е избрана на избори, туку е делегирана (што тоа и да значи) со премиерка која исто (погодувате) не е избрана од никого.
Е таа СОВРШЕНА ДЕМОКРАТИЈА ни го промени името, противно на два референдуми, не киднапираше во NATO, на секои две три години ни спроведува општествени експерименти со пржински, преспански, тирански, бугарски договори…за сега да ни постави услов во манирот #ИзборотЕеден. Македонците не постојат, тие се граѓани на северна, кои зборуваат бугарски или албански јазик. И се разбира уште еден ултиматум (секогаш има уште еден): Или Бугари во устав или нема датум! За гротеската да биде уште по трагикомична истата таа „Лулка на демократијата” излезе од EU и сега активно работи на процесот на нејзина дезинтеграција, додека ние изгинавме за Евроинтеграција.
И така избори се ближат. „Демократија” си е демократија, макар и совршена и модерна.