СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И ТАЈВАНСКАТА МИЛИЈАРДА: ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА!
Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија Драги браќа и сестри Македонци, Историјата не учи, но само ако сме подготвени да слушаме! Повозрасните меѓу нас добро ја паметат „Тајванската милијарда“ од 1999 година, кога, под водство на Васил Тупурковски и неговата Демократска алтернатива, Македонија направи контроверзен чекор – воспостави дипломатски односи со Тајван. За возврат, ни ветија околу една милијарда долари за „развојни проекти“. Но, што добивме? Парите исчезнаа низ банкарски канали и судски лавиринти, а Македонија остана со долгови и без заштита на Обединетите нации. Да, народот, како и секогаш, ги плаќаше последиците! Тајванската авантура и цената што ја плативме Овој договор предизвика гнев кај Кина, која стави вето на продолжувањето на мандатот на мировните сили на ОН во Македонија (UNPREDEP). Овие сили, распоредени од…