НЕКА НИ Е ВЕЧНА И СЛАВНА НАШАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ И НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!

Родина Македонија го честита државниот празник, Ден на македонската револуционерна борба на родољубивиот македонски народ и сите слободољубиви лојални граѓани на Република Македонија. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација (МРО) во Солун, на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун. На тој датум се собрале шестмина млади Македонци, за да ги поставаат основите на организацијата, која што ќе стане симбол на македонската борба и револуционерност за ослободување на Македонија од вековниот завојувач и угнетувач. Основоположници биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет. На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894г) и се конституирал…

Прочитај НЕКА НИ Е ВЕЧНА И СЛАВНА НАШАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНОСТ И НАШАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА!