ДАЛИ ЌЕ СТАНЕТЕ ЧЛЕНКА НА ЕУ ДО 2030 ГОДИНА, ЗАВИСИ ОД ВАС, КОЛКУ ПОБРЗО СЕ ОТКАЖЕТЕ ОД КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА ДЕКА СТЕ МАКЕДОНЦИ И ПОТОМЦИ НА ФИЛИП И АЛЕКСАНДАР!
Мина и овогодишната амбасадорска тркалезна маса „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот“, со наслов: „Северна Македонија, членка на ЕУ до 2030 година“, во организација на Советот на амбасадори, на 12.1.2023 год, која се одржа во Клубот на пратениците. На тркалезната маса, како што беше е најавено, се обратија претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорите на Шведска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка и Романија, заменик-шефот на мисијата од Амбасадата на САД, како и поранешните амбасадори: Александра Наќева-Ружин, Зоран Јолевски, Ивица Боцевски и Тихомир Илиевски и како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. На тркалезната амбасадорска маса, округла но на ќош, некако најаграсивно експлицитен беше евро амбасадорот, кој ете, по некоја…