11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Родина Македонија го чевствува и го честита 11-ти Октомври, Ден на востанието на Македонија, на родољубивиот македонски народ и лојалните граѓани. Преточено, народно и поетски опеано, ‘‘ПУКНА ПРВАТА ПУШКА во Прилеп и Куманово‘‘ , како вековен стремеж за борба, слобода, мир. За жал во предвечерјето на овој национален празник,”Ден на народното востание на македонскиот народ”, од повеќе страни ни пристигнуваат недолични ‘честитки‘ кои во целост го депласираат и го деморализираат значењето на овој светол ден во македонската историја. А воедно и целата антифашистичка ослободителна борба, како продолжение на илинденското востание и неостварениот идеал за сопствена држва на македонскиот народ наспроти, бугарските, германските, италијанските фашистички окупатори и нивните соработници преку акциони комитети, формирање на разни фашистички и националистички организации, организираното воено дејствување на балистите и други, за време на…