Почитувана Амбасадорке, Добредојдовте во Македонија! А Северна може да биде Дакота, каде што со геноцид вашите предци ги протераа Индијанците!
Почитувана Амбасадорке, добредојдовте во Македонија. Ви благодариме за поздравното видео обраќање, но македонскиот народ во него очекуваше да слушне извинување во име на американскиот народ за грубото кршење на дипломатските кодекси и овластувања на вашите претходници, но и ветување дека вие ќе ги исправите нивните грешки. Изминативе години, кога станува збор за вашата амбасада, бевме сведоци на непочитувањето и подривање на суверенитетот на Македонија, мешањето во внатрешните односи, непочитувањето на институциите на системот како и попречување во работата на истите, па дури и вмешаност во терористичките активности од 2001 година чии актери станаа ваши миленици и штитеници се до денеска. Иако тие заедно со вашите претходници нелигитимно но со големa радост на истренирани платенички полтрони беа впрегнати заедно со Бејли, Сорос во предизборната претседателска кампања на САД во…