НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Во новите лични документи, кога се работи за македонскиот народ, се брише националноста Македонец и истата преминува во граѓанин на Република Северна Македонија, што претставува грубо кршење на индивидуалното право за национална самоопределба на секој еден човек. Свесни сме дека изворот на оваквата деформација се западните сили кои создаваат нов ентитет, граѓанин на Република Северна Македонија, селектиран од одродот на македонскиот народ и кој по системот на негативна селекција е поставен да управувава со нашата држава Република Македонија, создавајќи ненормални услови за Македонците, македонското. Обврска е на целиот македонски народ и неговите организации, да реагираме заедно против оваквиот фашистички чин, каде се наметнува одродничка националност врз цел еден народ, грубо кршејќи го основното човеково право на самоопределба. Ние немаме ништо против одредени наши сонародници, кои поради патот кон…