ИЗБОРИ ВО ЈУЛИ: НЕЛЕГИТИМНИ ПО ПОВЕЌЕ ОСНОВИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И АНТИ-УСТАВНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ОД ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС!
Прв пат во историјата на изборите во Македонија, на легално регистрирана политичка партија, и единствена неинсталирана и изворна партија, ДИК не ѝ дозволи да достави изборна листа, при тоа остро нарушувајќи го правото на народот да бира и неговите легитимни претставници да бидат бирани! Родина Македонија поставува неколку прашања и дилеми до учесниците во општествено политичкиот систем, нелегитимните институции на Северна Македонија: Кризниот штаб, т.н. претседател на Северна Македонија и лидерите на политичките партии, над 40 на број, денеска сите дел од Пржинската влада: • Врз основа на какви заклучоци и потреби ги темелевте мерките на кои се потпишавте во изминатите 4 месеци и прогласивте 5 вонредни последователни состојби, во кои грубо беа прекршени основните човекови права и слободи и воведовте неколкудневни карантини чија должина зависеше од тоа…