СУВЕРЕНИЗАМ, НАРОДНА ИДЕОЛОГИЈА НА 1-от И 21-от ВЕК

Во изминативе неколку века од човековата историја продефилираа сите општествени системи именувани како капитализам, комунизам, демократија и последниов неолиберален и практично покажаа дека резултатите не зависат од името на системот, туку од устројството на тој систем во однос на природниот систем на вредности и во односот на системот кон сопствениот народ, човекот, Бога.Во сите политички системи има успешни и неуспешни примери и сите системи делат универзални вредности и отпадништво.Во суштина и самата потреба од постоење на цивилизација во седоволниот концепт на живот значи отпадништво, но за тоа во некоја друга прилика.Нашата искуствена историја како македонски народ и нашето колективно сеќавање вели дека 1000 годишната македонска античка држава е резултат на устроеност по природните принципи и вредносни системи, каде Благото на еден РОД или таканареченото БлагоРОДништво се грижи за…

ПрочитајСУВЕРЕНИЗАМ, НАРОДНА ИДЕОЛОГИЈА НА 1-от И 21-от ВЕК

РЕАКЦИЈА НА НЕЗАКОНСКОТО ДРЖЕЊЕ НА МАКЕДОНЕЦ ВО СТРАНСКИ ЗАНДАНИ БЕЗ СУД И БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ БРАНИ!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА секогаш ќе се бори за ниеден Македонец да не смее да биде држан незаконски и без суд в зандани, и во татковината а уште повеќе во странство.  Затоа Родина Македонија го крева својот глас за ослободување од веќе седум-месечниот притвор без судење на Љупчо Палевски, македонски државјанин, кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Република Србија, и давање можност да одговори на било какви тужби од слобода и од својата татковина.  Не е Македонски ниту Родински никој да не крене глас, без разлика што се работи за политички конкурент, тоа е најмалку важно, најважно е Македонец а уште повеќе голем патриот, затворен без суд во странство, ни државата и нејзините правосудни органи, ниту пак неговата партија Глас (која бизарно и спротивно на своето име, токму остана…

ПрочитајРЕАКЦИЈА НА НЕЗАКОНСКОТО ДРЖЕЊЕ НА МАКЕДОНЕЦ ВО СТРАНСКИ ЗАНДАНИ БЕЗ СУД И БЕЗ МОЖНОСТ ДА СЕ БРАНИ!

ДА ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ ДЕДО, БАБА, МАЈКА, ТАТКО, СОСЕД !!!

Браќа и сестри, со новите мерки на однадвор инсталираната Влада на „Северна“, нашиот повозрасен дел од народот принуден е да во само 2 часа ги задоволи своите основни потреби.  Наместо да бидат заштитетни како најризична група, тие се изложени на гужви и редици пред продавниците, банките, што е крајна спротивност на мерките за спречување на ширење на „вирусот“ и заштита на населението. Родина Македонија ги повикува своите членови, подржувачи, младите, да помогнеме и да ја заштитиме нашата повозрасна популација. Купете за нив храна и основни потреби, платете сметки, понудете се да ги пренесете до одредено место. Ние сме едно семејство, заедно ќе ја пребродиме оваа криза!

ПрочитајДА ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ ДЕДО, БАБА, МАЈКА, ТАТКО, СОСЕД !!!

НЕ СМЕАТ ДА НИ ЈА УКИНАТ И СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!

Вештачки наметнатиот хаос со т.н. „корона вирус“, како стојат работите, нема дно. Приближно еден месец сме сведоци на нејасна борба на државата против нејасен противник. Настрана што секоја болест е проблем сам по себе и како таква  носи само трагични последици. Настрана што секој свесен и совесен човек и без да е непосредно загрозен, сочувствува со страдањата на другите околу него. Тоа е морална, културна реакција на секој поединец, зашто секому од нас му е дадено чувството на припадност кон една група, заедница или идеја. Но, случувањата на кои сме денес сведоци, а кои се одвиваат на глобално (светско) ниво, го доведуваат во прашање и моралното и културното. За среќа, можеби ја имаме историската привилегија да бидеме сведоци на пропаѓањето на мрачните глобал – фашистички позиции! И, така,…

ПрочитајНЕ СМЕАТ ДА НИ ЈА УКИНАТ И СВЕТАТА ПРИЧЕСТ!

ПОВИК ЗА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Браќа и сестри, Политичката партија Родина Македонија објавува јавен повик:  Во рамките на до-формирањето на работните тела на партијата и во склад со статутот, ги повикуваме сите Македонци да се пријават за општинските комитети на територијата на Република Македонија и за задграничните комитети на партијата Родина Македонија. Критериуми Чесни, некорумпирани и почитувани во своите професии и од своите сограѓаниНеповрзани со афери на досегашниве корумпирани “елити”Приврзаност кон патриотската суверенистичка визија за Слободна Македонија Начин на пријавување Пополнета електронска пристапница, еден параграф кратка биографија, еден параграф за својата улога во Родина Македонија преку мејл на адреса contact@rodina.org.mk со назнака во насловот за кој општински комитет се проијавува. Повикот заедно со критериумите е објавен на веб страницата на Родина Македонија (www.rodina.org.mk) и на социјалните мрежи на 6ти април 2020 со две…

ПрочитајПОВИК ЗА ОПШТИНСКИ КОМИТЕТИ НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

БАРАЊЕ НА РОДИНА ЗА ПРЕКИН НА СЕКАКВИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ НА ПРЕОДНАТА БЕЗ-МАНДАТНА И НЕЛЕГИТИМНА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

РОДИНА МАКЕДОНИЈА бара прекин на криминални и корумпирани одлуки за финансиско задолжување до колапс, за анти-уставно печатење нелегитимни Северџански банкноти, за тајно носење на мигранти, итн, и бара итен мораториум на секакви активности на нелегитимните узурпатори на власт, а уште повеќе на техничката преодна влада чиј тесен мандат е само да организираат избори! РОДИНА ги смета анти-уставните, пучистичките, и однадвор наметнатите сегашни марионети за нелегитимни, и ќе ги укине сите Анти-Уставни и криминални одлуки од 27-ми април наваму! Тоа уште повеќе важи за сегашната Техничка Влада со тесен мандат да организира избори, и која дури ни за тоа нема капацитет бидејќи е Пржинска и формирана од корумпираните партиски поглавици а не со народна волја, а да не зборуваме дека нема никаков уставен или изборен легитимитет да носи било…

ПрочитајБАРАЊЕ НА РОДИНА ЗА ПРЕКИН НА СЕКАКВИ СТРАТЕШКИ ОДЛУКИ НА ПРЕОДНАТА БЕЗ-МАНДАТНА И НЕЛЕГИТИМНА ТЕХНИЧКА ВЛАДА

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

РОДИНА МАКЕДОНИЈА  е згрозена од диктаторското однесување на однадвор инсталираната власт, која го носи името на окупација „Северна“. Воведување на полициски час од 16 часот до 5 наутро, како и за време на викенди, претставува грубо прекршување на основните човекови права и злоупотреба на ситуацијата, за одржување на крајно неспособната инсталација на странската служба која го носи името Влада на „Северна“. Врвните домашни и светски епидемиолози јасно укажаа дека не се работи за пандемија, туку за малку поопасна варијација на корона вирус, која може да се помине со мерки кои грубо нема да го ограничат движењето на луѓето. Предложените мерки се заштита на ризичните групи, повозрасната популација, избегнување на поголеми собирање, зголемена хигиена итн... Владата на Северна, која е класична инсталалција на неолибералните глобални сили, со нивните алатки,…

ПрочитајРЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

РЕГИСТРИРАНА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

Браќа и сестри Македонци! Честито да е регистрацијата на единствената суверенистичка опција на Македонскот Народ, РОДИНА МАКЕДОНИЈА!Ова е плод на огромната поддршка на целиот народ кој ја препозна единствената можна визија, стратегија и програма за опстанок и процут на секоја нација и поединец во овие глобални премрежја низ кои живееме!Регистрацијата на политичкиот субјект, кој е иднината на Македонија, е резултат на вашата огромна поддршка на социјалните мрежи, пополнување основачки изјави, огромната поддршка во директните контакти насекаде низ градовите, населбите и селата на нашата прекрасна Македонија каде што сме излегле.Родина Македонија е вашиот дом ако, како и иницијаторите и основачите, сте ги проѕреле и препознале лажните категории и лажниот избор меѓу леви/десни, нелегитимна власт/квазиопозиција во корумпираниов систем, а кои всушност се една и иста корумпирана “елита” и водат една…

ПрочитајРЕГИСТРИРАНА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА!

РОДИНА ГО ОСУДУВА ВОВЕДУВАЊЕТО НА САНКЦИИ КОН ТУРЦИЈА

Родина Македонија го осудува воведувањето санкции кон Република Турција како полтронски поданички чин на анти-уставната Хунта по налог на нивните газди однадвор, и чин кој е крајно неодговорен, штетен и против Македонскиот национален интерес. Продолжува анти-македонската политика на нелегитимната влада инсталирана од надвор со геноцидното име „Северна“ со носење одлуки спротивни на македонските национални интереси.Игрите за профит на европските сили во Егејскиот регион, секогаш биле опасни и со фатални последици по македонскиот народ.Турција е земјата која меѓу првите ја призна Македонија под уставното име и која во сите документите на НАТО со фуснота го брани тоа име. Од првиот ден на нашата независност, Турција во континуитет е на страна на македонските национални интереси и сојузник на Македонија.Родина Македонија сите одлуки на оваа власт ги смета за ништовни.

ПрочитајРОДИНА ГО ОСУДУВА ВОВЕДУВАЊЕТО НА САНКЦИИ КОН ТУРЦИЈА

НЕ ЗА ПРЕСПА, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ЕУ!

За Родина Македонија, членството на непостоечката и диво подигната „Северна“ во НАТО е одличен показател за демократските капацитети на НАТО, а тука би ја додале и ЕУ, на непочитувањето на волјата на народите. Референдумот од 30 Септември 2018 година имаше еден одговор на три прашања,Не за Преспанскиот договор,Не за НАТО иНе за ЕУ.За Родина Македонија, демократскиот институт Референдум е обврска и највисок демократски чин на едно демократско општество, кој мора секој да го почитува во Република Македонија и надвор од неа.

ПрочитајНЕ ЗА ПРЕСПА, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ЕУ!