НЕСПОСОБНОСТ, КРИМИНАЛ И РЕПРЕСИИ НА НЕЛЕГИТИМНАТА АНТИУСТАВНА ВЛАСТ, ПОКРИЕНА СО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ПОЛИЦИСКИ ЧАС!
Родина Македонија во последните неколку дена ги детектира и бара запирање а и кривична одговорност за следните пропусти и репресивно однесување, сега на полициската антиуставна држава Северна во која нелегитимните однадвор наметнати власти кои служат на надворешни центри ја користат кризата за доограбување на македонскиот народ и неговите јавни добра, доуништување на изворната македонска економија во корист на туѓите економски интереси. Македонско-бугарска граница. Одземање на пасоши на граница на наш народ, нивен транспорт како најголеми криминалци во полициско комбе, наредени еден до друг како сардини, во карантин кој не пости и кој нема основни услови. Во услови кога имаме мерки за држење на растојание, со овој чин директно е загрозен животот на нашите граѓани. Респиратори од Бразил. Најскапа понуда, со сомнителен квалитет и сума многу поголема од реалната. Иако…