ЗАПАДНИОТ МЕЧКАР И ГОЛЕМОАЛБАНСКАТА МЕЧКА
„Без амин од албанците не смеело да се носи ниту една битна одлука“, „Апсурдно е со тројца Македонци да разговараме за од Господ дадено право да зборувам албански“, „Нема шанси да се сменат Преспанскиот договор, Законот за јазици и Договорот со Бугарија“. Овие наслови ги добивме како пораки во изминативе неколку дена од албанските лидери во Македонија. Епа господо од вечно обесправеното малцинство со најголемите првивилегии во светот, дали сте ја слушнале поговорката дека едно мисли мечкарот а друго сонува мечката. Вашиот танц беше воинствен и освојувачки се додека со звуци на томахавки свиреше вашиот мечкар, западната глобалистичката гајда. Но во последните неколку години таа гајда се издиша, а вашиот танц се претвори во хистерично скокање несинхронизирано со светските цивилизациски текови. Со кое право забранувате да носиме одлуки…