НАТПРЕВАР НА ИЗМЕЌАРИТЕ
Во Шпанија е избрана Влада! Конечно, во државата позната низ историјата како колонијален завојувач, уништувач на древни од Бога создадени цивилизации, инспиратор и практикувач на инквизициските измачувања на народот и долгогодишна држава на фашистичка диктатура, се избра нова Влада! Тоа и не е толку чудно, но повеќе од чудно е што изборот на новата шпанска Влада не ги израдува толку самите Шпанци, колку што ги израдува нашите политичари. Причината е едноставна: сега Шпанија, како последна од земјите – членки на западната алијанса, ќе го ратификува Протоколот за наш прием во фашистичко – терористичката организација НАТО. Близу 30 години нашите политичари и партиите на кои тие им припаѓаат, водеа борба за прием во НАТО, но без успех. Неуспехот, пак, главно и редовно се оправдуваше со билатералниот „спор“ кој Република…