Поддршка на маршот за чист воздух
Без храна човекот може да издржи 1-2 месеци, без вода 1-2 недели но без воздух за повеќето од нас ќе биде чудо ако преживееме 1-2 минути. За жал либералниот капитализам и алчните политичари и капиталисти, во трката за вечен економски раст и неограничен профит, на површина ја извадија својата ограничена свест, за себе, за своите блиските и за планетата земја. Полнејќи ги своите сефови и банкарски сметки, ја наполнија земјината атмосфера со отров. Парите за себе, отровот за сите. Господо безумни профитери, нашиот воздух е наше природно право, а не ваш неограничен ресурс за бесконечно богатење. Родина во целост го поддржува протестниот марш за чист воздух во Петок, 29 ноември 2019 од 17:00 до 19:00 пред министерството за животна средина и просторно планирање. Родина во своите програмски цели…