You are currently viewing НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ СЕ ВО СПРОТИВНОСТ СО УСТАВОТ, МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ГРУБО ГИ КРШАТ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Во новите лични документи, кога се работи за македонскиот народ, се брише националноста Македонец и истата преминува во граѓанин на Република Северна Македонија, што претставува грубо кршење на индивидуалното право за национална самоопределба на секој еден човек.

Свесни сме дека изворот на оваквата деформација се западните сили кои создаваат нов ентитет, граѓанин на Република Северна Македонија, селектиран од одродот на македонскиот народ и кој по системот на негативна селекција е поставен да управувава со нашата држава Република Македонија, создавајќи ненормални услови за Македонците, македонското.

Обврска е на целиот македонски народ и неговите организации, да реагираме заедно против оваквиот фашистички чин, каде се наметнува одродничка националност врз цел еден народ, грубо кршејќи го основното човеково право на самоопределба.

Ние немаме ништо против одредени наши сонародници, кои поради патот кон ЕУ, сакаат да се декларираат како граѓани на Република Северна Македонија и тоа е нивно лично право! 

Добро е од време на време да се прочистува родот од одродот, кој секој народ го има.

Но ние како Македонци бараме нашата националност Македонец да биде заведена во сите документи на оваа западна колонија, менаџирана од учители по демократија, западните колонизатори.

Ние нашата националност не ја менуваме и не ја продаваме за пат кон ниту една меѓународна организација, без разлика дали доаѓа од западот, или истокот.

Исто така сакаме да ја потстетиме оваа колонијална управа дека името на државата е сменето под закани и уцени, Договорот од Преспа потпишан е од неовластено лице и Референдум кој јасно кажа дека Македонецот не сака промена на име поради влез во НАТО и ЕУ. Тоа се доволни аргументи името на државата да остане Република Македонија.

Голема жал и тага ни претставува и моментот на вадењето на новите документи, кое е толку не достоинствено, да наликува на кланица за стока, а не на уредена држава која три децении следи европски и американски пат и носи закони со европски знаменца.

Упатуваме јавен повик до МАНУ, политичките партиии, невладините организации, интелектуалците, адвокатите, судиите, правниците, професорите, свештенството, да го сопреме овој геноциден и гнасен фашистички чин на бришење на нашата националност Македонци и името на нашата држава Македонија.

Упатуваме јавен повик и до мноштвото невладини организации финансирани од западни центри за заштита на човекови права, националната припадност е основно човеково право кое исто така треба да биде заштитено. 

Молкот во овакво време, те прави соучесник во велепредавството!

Не молчи, не биде СеверГраѓанин, биди Македонец, како твоите претци илјадници години!


Придружете се на телеграм каналот на Родина Македонија Телеграм Родина

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

Пополнете пристапница

Поддржете ја пререгистрацијата на Родина Македонија

https://rodina.org.mk/preregistracija/