9-ти МАЈ ДЕН НА ПОБЕДА НАД ФАШИЗМОТ ИЛИ ДЕН НА ПОВАМПИРЕНАТА ЕВРОПА (ЕУ)
Пишува Елизабета Чингарова МатевскаНа 9-ти мај 2021година се навршуваат 76 години од крајот на најкрвавата, најскапа, најразорувачка, најраспространета војна во светот, започнта од темните сили на фашизмот. А веќе актуелно, наголемо се повампирени и активирани темните сили на фашистичкиот поредок, токму таму каде што и започна, во срцето на Европа.Има ли поголем доказ за повампирување на фашизмот, од тоа што еден стар исконски европски народ, македонскиот народ, се соочува и ги преживува најтешките години после Втората светска војна. Република Македонија како држава победник над фашизмот со 25.000 жртви, со самостојно извојувана победа над фашистичките окупатори, Германија, Бугарија, Италија и бројни албански балистички колаборационисти, во едно општо народноослободително антифашистичко востание со 100.000 армија. Република Македонија, во склоп на Федеративна Југославија, држава темелник на поставување на Обединетите Нации, се соочува…