ПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, пристигнува во земјата која е темелно урната од нивната хибридна војна, т.н. „Шарена револуција“, или како што вели самиот, во земјата на Албанците и православните. За нас Македонците означување како православни не е навредливо, но од контекстот во кој е ова кажано, многу добро разбираме која е улогата на американската дипломатија, онаа која нам ни е добро позната! Во нивната перцепција оваа територија е земјата на Албанците, без друг национален елемент во неа, односно само верски - православен, со избришан македонски во целина. За воља на вистината, гледајќи ја моменталната состојба и вклученоста на сите албански партии во Владата и привезокот СДС која е седната во нивен скут, но исти такви се и проамериканските ДПМНЕ,…

ПрочитајПОВТОРНО НА СЦЕНА КАУБОЈСКАТА АМЕРИКАНСКА (НА СТРАТЕШКИТЕ) ДИПЛОМАТИЈА

УШТЕ ЕДЕН МЕГА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА ВЛАДАТА И ЗАПАДНИТЕ СТРАТЕШКИ, ОВОЈ ПАТ СО АВТОПАТИШТАТА!

Тие кои ја мереа трасата на кинескиот изведувач на автопатот Кичево-Охрид, денес го одобрија договорот за изградба на коридорите 8 и 10, кој ќе биде потпишан од страна на Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Интересно е што ваков договор се потпишува по заобиколни патишта, без јавно наддавање и тендер, нетранспарентно, а ќе биде платен со народни пари во висина од фантастични за македонски услови 1.3 милијарди евра! Што е спорно во овој договор? Законот кој го донесе Собранието, овозможува постапка која нема да биде предмет на тендер, туку со директна спогодба со познат изведувач.Интересно е што предлогот за носење на овој закон не е од страна на Владата на „нивната земја“, туку од пратениците Јован Митревски, Арбр…

ПрочитајУШТЕ ЕДЕН МЕГА КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА ВЛАДАТА И ЗАПАДНИТЕ СТРАТЕШКИ, ОВОЈ ПАТ СО АВТОПАТИШТАТА!

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

За само една седмица се соочивме со недостаток на леб во продавниците, продолжија дојавите за бомби во училиштата, се случија убиства на блиски луѓе од власта, продолжи аферата Телеком преку која се проневерени милионски суми, а директен учесник е т.н. премиер и уште многу други нешта... Навистина, „нивната земја“ е на патот на каубојците од Дивиот Запад, нивните стратешки партнери кои опустошија цел еден континент и врз коските на домородното население изградија корпорации, истите кои денес се главната закана по безбедноста на светот, контролата врз човекот и неговото отчовечување. Владите на СДС и терористичката ДУИ, откако беа поставени во Собрание со нелегитимен спикер, инаку избран на скали, без потребно мнозинство, одамна го загубија моралниот компас. Тој неморал иако е прикриен со пропаднатата пропагандна машинерија на умрените национални телевизии,…

ПрочитајШТО СЕ СЛУЧУВА ВО „СЕВЕРНА“, ПРОТЕКТОРАТОТ НА ДИВИОТ ЗАПАД?!

ХИБРИДНА ВОЈНА?!

(Родина Македонија продолжува со следењето на мега аферата ФЗО) Бесими (МФ): „Очигледен е техничкиот проблем со системот во ФЗО, и тоа е хибридна војна која не се случува само кај нас, следствено на тоа и со исплатата на платите за здравствените работници. Доколку набрзо (зборувам за ден, два) не се отстрани проблемот со системот на ФЗО, платите ќе се исплатат од Трезорот, а понатаму ќе се направи порамнување со буџетот на ФЗО. Мора да нагласам дека ФЗО има друг систем на исплата од трезорот, па затоа е проблемот. Ова е вон редовните процедури, но е во рамки на законот“. https://infomax.mk/%D0%B1%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BB%D0%B5%D0%BC Ковачевски (ПВРМ); „Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина…

ПрочитајХИБРИДНА ВОЈНА?!

КИБЕР НАПАД ИЛИ САМОУТЕПУВАЊЕ ОД НЕЗНАЕЊЕ И АЉКАВОСТ?!

ФЗО извести дека на 6 февруари 2023 година настанал прекин во работата на нивниот информациски систем поради што се појавиле низа предизвици како за Фондот, така и за осигурените лица и за здравствените установи кои имаат склучено договори со Фондот да обезбедуваат здравствени услуги за осигурениците на сите нивоа на здравствена заштита (примарно, секундарно и терцијарно ниво). Како резултат на овој прекин на работата на информацискиот систем, Фондот се потпира на системот „Мој термин“, кој претставува систем за електронско закажување на интервенции и прегледи; Е-упат со уникатен број на упат поврзан со ФЗО; Е-рецепт; Електронски медицински дневник за евидентирање на медицински интервенции извршени над пациентот; Електронски здравствен картон (досие) за пациентите; Електронски индивидуални здравствени обрасци и извештаи; Balance Score Card – систем; Систем за пресметка на плата –…

ПрочитајКИБЕР НАПАД ИЛИ САМОУТЕПУВАЊЕ ОД НЕЗНАЕЊЕ И АЉКАВОСТ?!

ОДНЕСУВАЊЕТО НА ЕДЕН ЕВРОПРАТЕНИК И ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА!

Родина Македонија активно се вклучи во одбележувањето на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. Јавните настапи на Родина Македонија секогаш се од позиција на македонство, вистинитост и од срце. Легитимно е тоа некому да не му се допаѓа, но и тогаш треба да постои одредено ниво на однесување и критика. За жал, нивото на Ангел Джамбазки, европратеникот од Бугарија, со кое го коментираше настапот на нашиот член на претседателството Виолета Петковска, е недоличен, срамен и баш европски, во вистинската смисла на зборот. (фејсбук линк од неговиот коментар) Истото се случи и со коментар на Красимир Драганов кон друг член на претседателството Владимир Трајковски. Заканите кои пристигаат до нашите членови од страна на бугарски националисти нема да нѐ поколебаат да го продолжиме делото на Гоце, кој…

ПрочитајОДНЕСУВАЊЕТО НА ЕДЕН ЕВРОПРАТЕНИК И ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА!

ОСУДА НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ НА ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

Во сопствената држава, државата на Македонците, ни беше спречено да појдеме на почивалиштето на нашиот идеолог, учител, револуционер, Гоце Делчев, од кордони полиција. СЕВЕРНА се подлабоко и подлабоко тоне во тоталитаризам, криминал, анархија. Не памети историјата оваков пример, каде на сопствен народ не му се дозволува чествување на идеолог кој произлегол од самиот народ.Дури и најголемите тоталитаристички режими имаат повеќе емпатија кон сопствениот народ, од режимот на „Северна“. Ќе дојде денот на слободата, ќе дојде ден кога ќе се одговара за секое понижување на Македонците и Република Македонија. Наближува постзападниот, мултиполарен свет, колонилијаната управа на Северна еден ден ќе одлета со хеликоптерот и тогаш одеднаш ќе се промени се. Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет! https://rodina.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/embed/#?secret=M4m3l6dUel#?secret=yhFeyVOrVu

ПрочитајОСУДА НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ НА ВЛАДАТА НА „СЕВЕРНА“!

МИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?

Второто полугодие од учебната 2022/23 година започна со проблемите кои ги наследивме од минатата година. МОН и министерот Шаќири им посакаа на учениците успешно второ полугодие, но учебниците кои требаше да бидат во ученичките чанти на почетокот на учабната година, сеуште ги нема. До крајот на наставната година остануваат уште четири месеци. Ветувања од министерот има, ама од учебниците за основците и средношколците нема ни трага. Образованието потсетува на после воениот период. Учениците учат од прибелешки и фотокопиран материјал или од материјали достапни во електронска форма. Ништо од бесплатното образование и почитување на законот за авторство. Пред почетокот на второто полугодие, министерот истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно-гимназиско образование, а речиси сите учебници за средното стручно образование ќе бидат целосно достапни во електронска…

ПрочитајМИНИСТРЕ, КАДЕ СЕ УЧЕБНИЦИТЕ?

СТИГНАВМЕ ДО СРАМОТ, СОСЕДИТЕ ДА НИ ЈА РЕШАВААТ И ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

Соседите решаваат сѐ за нас: ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, ДРЖАВЈАНСТВО, ИСТОРИЈА, СЕГА ни ја решаваат и ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА! БЕЗАЛТЕРНАТИВНАТА НИ ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА СТАНА НАША РЕАЛНА НЕБИДНИНА! Наметнатата недостоинствена изродничка развласт е немоќна за реално обезбедување на вечниот дом на МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, по повод чествување на 151 годишнината од неговото раѓање, 4 февруари 1872 година. Пред извесно време, на 14 јануари 2023 година, бевме сведоци на слободно дивеење од страна на бугарски ултра-шовинистички наци-фашисти сред Скопје, со недолични транспаренти, знамиња, скандирања. Протекуваат и информации за вооружани групи, кои за среќа или несреќа биле вратени во Бугарија, а подготвени за истиот настан. Министерот за внатрешни работи на „нашата земја“ заедно со министерот за внатрешни работи од „пријателско-добронамерната‘‘ Бугарија, со заеднички ум ни ја „решаваат‘‘ внатрешно-безбедносната состојба во…

ПрочитајСТИГНАВМЕ ДО СРАМОТ, СОСЕДИТЕ ДА НИ ЈА РЕШАВААТ И ВНАТРЕШНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА!

ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Госпоѓи, или господа, (не се снаоѓаме најдобро со обраќањето во новата трансродова западна идеологија), Анџела Прајс, амбасадор на САД во Република Македонија иАнке Холштајн, амбасадор на Германија во Република Македонија. Со вашето лобирање за промена на Уставот на Република Македонија вие грубо ја кршите „Виенската Конвенција за дипломатски односи“ Промена на Уставот на една држава е внатрешно прашање на нацијата на таа држава.Со вашето мешање во процесите на промена на Уставот на Република Македонија, грубо се мешате во внатрешните работи на нашата држава, Република Македонија. Нашиот Устав беше оценет како еден од најдобрите 5 устави во Европа, во однос на индивидуалните и колективни права. Република Македонија со Референдумот од 30 Септември 1991 година јасно и недвосмислено се изјасни за Суверена Независна Република Македонија. А со референдумот од 30…

ПрочитајЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ДО АМЕРИКАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА