ДА, ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Пишува: Дипл.Ек. Илија Јанковски, Овластен ВЕШТАК од областа Економија и финансии Нема простор за дилема: од економски аспект, покачувањето на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА во Република МАКЕДОНИЈА претставува реалност, потреба. Конечно Премиерот на Владата на Република МАКЕДОНИЈА треба да си го кажи своето, да ги поддржи барањата на работниците (Сојузот на Синдикатите) и одобри зголемување на МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. Основаноста за ваков став на Владата е потреба и реалност, од следните причини: Република МАКЕДОНИЈА денес во 21 век е држава чија национална економија функционира на основите на капиталистичкиот систем со превземање на економски мерки на регулирање на пазарната економија во сегментите на пазарот на материјални добра и услуги, пазарот на трудот, пазарот на капитал итн. Од аспект на економската наука поврзано со проблемот на висината на минимална плата земено како економска…
