ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА
Лоши времиња дојдоа, опасно е да не се занимаваме со политика. Да, знам обратно нѐ учеа, дека мешањето во политика знаело да биде опасно, но нашата дистанца од политиката и оставањето на нештата да ги водат т.н. политичари не е опасно, туку погубно. Кои се политичарите кои нѐ водеа изминативе години? Нашите. А за чии интереси работеа? За сечии, само не за наши. Зошто? Затоа што не се занимававме со политика, таа работа им ја остававме ним, за тоа ги плаќавме. Упс, за тоа нѐ оданочуваат, односно крадат. Бељата е започната некаде по наводното ослободување од фашизмот (наводно бидејќи за Македонците прогонот почнат од тогаш во континуитет трае до сега, значи допрва нѐ чека борба и македонско ослободување), односно формирањето на современата асномска македонска држава. Неполна година по…