КРИМИНОКРАТИЈА
Општо прифатено начело е дека секоја демократска држава треба да поседува соодветна поделба на власта. Владеењето во современите држави е потпрено на три носечки столбови, три типови на власт, судска, извршна и законодавна. Судството е еден од основните, еднакви по вредност столбови на современата демократска држава. Сите три делови од власта му служат на народот и мораат да внимаваат еден на друг за да се обезбеди одговорност за нивните постапки и активности. Во една демократска држава во која постои владеење на правото, ниту еден столб на власта не смее да делува само во полза на сопствените интереси, туку во интерес на народот во целина. Во демократските држави каде постои целосно владеење на правото (“Etat de droit” или “Rechtsstaat”), сите три столба на власта мораат да делуваат врз основа…