Реакција на Родина по повод бришење на придавката „Македонски“ од имињата на македонските институции
Македонските институции се сопственост на македонскиот народ. Тие се подигнати од народот за народот и не се во ниту еден случај дел од некаков политички пазар, ниту сопственост на политичка партија, а камоли цел за влез во некакви западни меѓународни организации кои имаат антихуман карактер. Бришењето на придавката македонски претставува бришење и на самата институција, нејзиното извориште и нејзината цел на постоење. Актот на бришење на македонски од институциите е антимакедонско дејство, велепредавство и истото е кривично дело, навреда на македонскиот народ и понижување на Р.Македонија. Браќа и сестри Македонци, да го спремиме нашиот Алл-Ин одговор на оваа криминогена антимакедонска власт, инсталирана со социјален инжинеринг и хибридна војна со помош на странски служби и инсталации.Р.Македонија, Македонци, Македонски, Устав на Р.Македонија, СЕ или ништо! Бидете член на инцијативата Родина…
