You are currently viewing ЕДИНСТВО ВО РАЗЛИКИТЕ

Одвај поминаа два дена од составувањето на неуставната катетегорија „Пржинска
влада“, а веќе отсега можеме да ја насетиме големата „промена“ која сегашнава опозиција
ја најавува со години наназад. Техничкиот министер (каде ли постои ваква креатура?) за
внатрешни работи од редовите на ДПМНЕ, остварил средба со грчкиот амбасадор во
Република Македонија. Можеби тоа не би било до толку чудно ако причината за средбата
била во врска со издавањето на новите лични документи, според духот на Преспанскиот
договор, односно продолжувањето на рокот за нивно издавање.

Оттука, не може а да не се запрашаме што значи оваа непромисленост или, можеби,
е сето тоа добро осмислено, во функција на (о)позициската определба да им се
додворуваат на европско – амриканските газди, со крајна цел доаѓање и останување на
власт. Генерално, ова може да се подразбере единствено како барање начин за олеснување
на процедурата за правно делегитимирање на Македонците во сопствената држава.

Неминовно, се наметнуваат повеќе прашања иако заклучоци може да се извлечат
безброј.

1.Ако се работи за лични документи на Македонците, каква улога треба да има
странска држава во нивното издавање и контрола на постапката за нивно издавање?
2.Како и СДС така и ДПМНЕ го продолжува понижувачко – коленичарско –
сервилниот однос, со барање на дозволи за секое поведение во сопствената држава, со
што, уште еднаш го докажува својот некритички однос и послушност кон западните
налогодавачи, а посебно кон осведочениот македонски непријател – Грција.
3.Не ли е ова уште еден доказ дека ДПМНЕ нема ама баш никаква намера да се
справува со диво наметнатиот Преспански договор, штом создава терен за негова
реализација?

Треба да му стане јасно на чесното патриотско членство на ДПМНЕ дека токму
поради склучувањето и реализирањето на Преспанскиот договор, поддржувачите –
членовите и симпатизерите на СДС, ги нарековме северџани. Со поддржувањето на
ваквиот развој на настаните во ДПМНЕ и прифаќањето на Преспанскиот договор како
реалност, се ризикува искреноста кон македонските национални интереси, само заради
заштита и поддршка на тесно – партиските интереси.

За жал, ќе мора да се констатира дека (не)промислениот потег на министерот за
внатрешни работи од редовите на ДПМНЕ уште еднаш ја потврдува очигледната вистина
дека системот „Курто – Мурто“ функционира и дека е тоа единственото нешто што
функционира во државата! Двете партии треба веќе еднаш да престанат да глумат
различност, а сето тоа врз грбот на Македонија и Македонците!


Почитувани членови и поддржувачи на Родина Македонија. Родина Македонија е во фаза на пререгистрација! да дадете Изјава за пререгистрација кај еден од нотарите кои се истакната на следната страница.

Нотари и начин на давање Изјава

Напишете коментар