Skip to content Skip to footer

Како се “Отуѓуваат” Хидроцентрали? И Сега ХидроМицко е Мицко-Милионер или Мицко со ХидроБратучед?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти, “гордо” пренесува ДПНЕ сајтот. Нам обичните граѓани ни останува нејасно како тоа се отуѓуваат Хидроцентрали. Да не збoруваме и како професор во сосема друга сфера со професорска плата кој никогаш не бил бизнисмен воопшто доаѓа до удел во хидроцентрали? Не знаеме, сме немале, па интересно е да ни се објасни каде завршуваат отуѓените хидроцентрали? Во дом за отуѓени хидроцентралчиња?

Дали сега ХидроМицко е само Мицко со Хидро-Братучед? Или ако е продадено на неделниот таен пазар за хидроцентрали некаде околу Скопје каде од проценето 10-милионскиот (во Евра) заврши уделот на ХидроМицко? Ги подели ли со сиромашните како Робин Худ? Можеби ги даде за борба за името и идентитетот? Или за сирачиња во Македонија? Или пак не дај боже за Уставобранителите кои се обични криминалци за ДПНЕ, истиот ДПНЕ кој терористот Џафери го постави за Министер за Одбрана?

Или што сме глупи ние обичниот народ, просто така, се отуѓија, кој му е гајле каде, тоа е над нашата моќ на разбирање на комлицирани работи. Како на пример зошто на новата шефица на ЕУ треба понизно да ја поздрави од “мојата земја”. Важно се отуѓени, и сега скопениот ХидроМицко е веќе лав кој моќно ќе рикне ставете ме на власт во “мојата земја” како што може само еден безрбетник да и напише на новата шефица на глобалофашистичкиот ЕУ која не ги признава Македонците. Ќе ви ја легитимизирам Северна, ќе ги скротам небањатите националисти и ќе ги убедам дека Преспанскиот е реалност. А хидроцентралите? Дуќанче, ситна роба, нас “помрсни” работи ќе не чекаат кoга камшикарите ќе не вратат на власт во Северџанските партали на Македонија.

Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина“