You are currently viewing КИБЕР НАПАД ИЛИ САМОУТЕПУВАЊЕ ОД НЕЗНАЕЊЕ И АЉКАВОСТ?!

ФЗО извести дека на 6 февруари 2023 година настанал прекин во работата на нивниот информациски систем поради што се појавиле низа предизвици како за Фондот, така и за осигурените лица и за здравствените установи кои имаат склучено договори со Фондот да обезбедуваат здравствени услуги за осигурениците на сите нивоа на здравствена заштита (примарно, секундарно и терцијарно ниво).

Како резултат на овој прекин на работата на информацискиот систем, Фондот се потпира на системот „Мој термин“, кој претставува систем за електронско закажување на интервенции и прегледи; Е-упат со уникатен број на упат поврзан со ФЗО; Е-рецепт; Електронски медицински дневник за евидентирање на медицински интервенции извршени над пациентот; Електронски здравствен картон (досие) за пациентите; Електронски индивидуални здравствени обрасци и извештаи; Balance Score Card – систем; Систем за пресметка на плата – Плаќање по учинок; Регистар на лекови и виртуелен магацин; Регистар на здравствени установи; Електронска здравствена картичка (ЕЗК).

Синхронизацијата на овие два системи последен пат е направена на 5 февруари 2023 година. Според јавно достапните информации, ИТ системот на ФЗО се состои од:

  • Централизиран ИТ систем со веб портал;
  • Потсистем за трезорско работење и е-трезор за ЈЗУ;
  • Потсистем за централизирана автентикација и авторизација со маил сервер (actve directory инфраструктура, маил сервер, соодветни софтвери за заштита);
  • Потсистем за дијагностичко сродни групи (DRG систем) за евиденција на акутно болни лица;
  • Потсистем за дигитално серверско потпишување;
  • Потсистем за електронска архива.

Од јавно достапните информации настанат е проблем на следниве ИТ потсистеми на ИТ системот на ФЗО:

  • Потсистем за трезорско работење и е-трезор за ЈЗУ;
  • Потсистем за дијагностичко сродни групи (DRG систем) за евиденција на акутно болни лица и
  • Потсистем за дигитално серверско потпишување

како резултат на што е доведено во прашање функционирањето на целокупниот здравствен систем во државата.

МВР е известено за можен компјутерски напад на ИТ системот на ФЗО. Од изјавата на Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски не може да се стекне јасна претстава за каков тип на компјутерски напад станува збор и кои функционалности на системот се нападнати и какви штети се предизвикани од нападот.

Во недостаток на информации, некои јавни медиуми шират шпекулации дека се работи за „ransomeware“ напад или пак за нестручно ракување со ИТ системот во процесот на миграција на ИТ системот на облак инфраструктура која требало да се случи по склучениот договор за јавна набавка со неколку економски оператори за обезбедување на облак инфраструктура и за обезбедување на услуга за миграција на облак инфраструктура.

Без оглед на причините за прекинот на работата на ИТ системот на ФЗО во целост или на одредени потсистеми, одговорност за вака настанатата состојба мора да се понесе, пред сѐ од страна на раководството на ФЗО, а бидејќи последиците се на национално ниво при што се засегнати сите здравстени осигуреници, (читај сите жители на Македонија), сите економски оператори кои имаат деловна соработка со ФЗО, сите здравствени установи (јавни и приватни), здравствени работници на кои не им се исплаќа плата, јасно е дека одговорност треба да понесе и Владата, поднесувајќи си веднаш оставка.

Во меѓувреме, органите на прогонот да преземат активности во својата надлежност со цел обезбедување на докази за кривична одговорност на службените лица во ФЗО кои со своето несовесно работење го довеле ФЗО во оваа состојба и на лица кои евентуално извршиле компјутерски напад од надвор врз ИТ системот на ФЗО. Непреземањето на активности од страна на МВР и обвинителството значи соучество со сторителите и прикривање на кривичните дела.

Овој систем е умрен!

Живеење во овој систем станува сѐ поапсурден, помизерен, криминален, отпаднички, одроднички.

Се обраќаме до нашиот прекрасен македонски народ:

РАЗБУДЕТЕ СЕ! Ова не е битка на поединци, ова е битка на сите нас за зачувување на универзалните традиционални вредности на нашиот народ, за зачувување на нашето семејство, поколенија и иднина!

Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!

This Post Has One Comment

  1. Никола Македонски

    Прилично се точно, верно и повеќе од тоа
    Гаволите специјално ја Одбраја МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ИМЕ ДА ГО УНШТАТ БИДЕКИ НИЕ СМЕ ОДБРАН ХУМАН НАРОД ОД БОГА И НЕГОВИОТ СИН СОНЦЕТО

    ГАВОЛИТЕ ГУБАТ ОД НАПАДОД ОД М СОНЦЕ ПРОТИВ ГАВОЛИТЕ НА ЗЕМЈАТА и нивниот КРАЈ Е БЛИСКУ . СВЕТСКАТА ВОЈНА НА ЛУГЕТО ХУМАНИ И ЃАВОЛИ Е ПОЧНАТА ПРЕД Н НА УКРАИНА ОД НАТО ГАВОЛИТЕ И ОДБРАНА ОД ПРАВОСЛАВНИТЕ РУСИТЕ . НАСКОРО СТРАШНА ВОЈНА ЗАПАД И НАЈЛОШАТА ЈАПОНИЈА ОД ЕДНА СТРАНА, ФИЛИПИНИТЕ ,И ИСТОК РУСИЈА , КИНА С КОРЕЈА И ДРУГИ ЗЕЈИ СО ПОМАЛА ВОЈНА МОЌ КАКО КОРЕЈА , МИАМА о др од ДРУГА СТРАНА.
    Поздрав и БОРБА ЗА СВЕТАТА МАКЕДОНИЈА И МАЌЕДОНЦИТЕ КАКО И ЦЕЛО ХУМАНО ОПШЕСТВО И ПРАВИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ.
    КИМУНИЦИРАЊЕ СО НАШИОТ БОГ И СОНЦЕТО КАКО ВЕРБА НАДЕЖ И БОРБА ЗА НАША СВЕТА ПОБЕДА Е ПОТРЕБНА ОД МАЌЕДОНЦИТЕ.

Comments are closed.