Skip to content Skip to footer

Македонците не трпат лекции од подржувач на убиства, осакатувања и тепање на мирни демонстранти – француските Жолти Елеци

Еу ја држи вратата подотворена, да се влезе тесно е, а 30 години промаја тепа.

„ЗОШТО СТЕ ТОЛКУ ОПСЕДНАТИ СО ДАТУМОТ, БЛЕСАВО Е ДА БАРАТЕ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИ, УШТЕ ИМАТЕ ПРЕМНОГУ ПРОБЛЕМИ!“ – изјави Тимоние, актуелниот француски амбасадор и одобрувачот на убиства на мирните француски демонстранти од жолтите елеци.

Ова е ставот на амбасадорот на една од водечките европски држави. Судејќи по нашата состојба во однос на т.н. „евроинтеграции“, веројатно ова е ставот и на останатите евродипломати. Мудроста македонска вели дека ако лудиот начека некој збунет, нема да размисли двапати. Така и европејците со помош на нашата квази политичка елита прво добро го збунија народот, а после почнаа да го . . . И така едно добри 30 години народот е во бунило, ограбен е, се чувствува злоупотребено и преварено.

Види вака „амбасадоре“, ние, обичниот народ, не сме „опседнати“ со датуми. Ние сме опседнати со нашите животи и нашите семејства, кои вашите т.н. европски реформи ги уништуваат. „Блесаво“ е вие да мислите така. Во однос на „проблемите“ што ги имаме, ви советуваме да направите една вистинска немонтирана анкета помеѓу луѓето од славјанските држави, како од оние веќе зачленетите така и од оние кои чекаме пред вашата „подотворена врата“. Мислам дека ќе добиете вистинска представа на нештата. Доста ни е од вашата демократија со балкански методи. Одете си и со Макрон решавајте ги вашите сопствени проблеми, како што вие знаете и умеете, со тепања, убиства и осакатувања на мирни демонстранти низ Франција.

Состојбата во која се наоѓаме е разочарувачка и погубна за нас, Македонците. „Нашите“ политичари постојано спроведуваат „реформи“ кои не само што ги деформираат нашите животи, туку и ја уништуваат нашата култура, идентитет и начин на живење. Истите тие политичари постојано се менторирани од вас и вашите западни колеги според вашите, од вас самите урнати, “ЕУ вредности”, а „демократските“ избори на кои доаѓаат на власт, сѐ помалку ја отсликуваат волјата на обичниот народ а сѐ повеќе се во служба на мултинационалните корпорации.

Подотворена врата е неодредена состојба, нефункционална. Вратата е корисна само во два случаи. Кога е отворена, таа е средство за комуникација, врска помеѓу две засебни целини, два различни света. Кога е затворена, вратата служи за заштита на нештата кои се наоѓаат пред или зад неа. Вашата политика на подотворена врата не врши никаква работа. Во вашето друштво низ неа не може да се влезе, а ние со така подотворена врата не сме заштитени. Се покажа дека таа е доволно широко отворена за разни терористи и грабачи на народот.

Македонскиот народ е опседнат со својата иднина. За жал се покажа дека иднината не може да се гради со вашата лажна унија, во која нема правда, еднаквост и демократија. Во вашата унија за нас има само експлоатација, уцени и понижувања. Оставете нѐ ние, заедно со вашиот горд француски народ, кој после ЕУ изборите нелегитимно и лажно го представувате, да си ја бараме својата иднина во еден поправичен, подобар и поубав свет.

И ќе си ја најдеме, заедно со сите европски култури и нации чиј опстанок вашата корумпирана “елита” го доведе во прашање. Иднина на Евроазија, светот на суверени народи и држави од Лисабон до Владивосток на вашиот голем францускиот претседател Шарл Де Гол, на кого вие денешните корумпирани глобалофашистички марионетки не сте му ни бледа сенка.