Да се биде опозиција, опозит, значи да се биде поинаков од тој што во моментов владее.
А тие во моментов владеат спротивно на народната волја изразена со Референдумите од 8 Септември 1991 година и 30 Септември 2018 година, спротивно на Уставот на Република Македонија..
Со референдумот од 30 Септември 2018 година, македонскиот народ даде јасен и недвосмислен одговор дека не сака во ЕУ под наметнатите услови, Преспа, но тука се мисли и на другите понижувачки договори.
Македонија во НАТО е спротивно на референдумската волја, на диво!
Токму „Францускиот предлог“ е дел од тој процес за кој веќе имаше референдумско изјаснување и нема потреба од ново!
Родина Македонија ја прашува парламентарната опозиција, зошто народот излегуваше во изминатите 10 дена? Тоа сигурно не беше за референдум!
Зошто таа енергија не беше поткрепена и од внатре во системот, за предизвикување на политичка криза, која неминовно ќе доведе до нови парламентарни избори?
Зошто македонскиот народ повторно да го оди патот, кој треба политичарите да го изодат?
Тоа малтертирање по институциите на системот, каде 150 000 Македонци ќе треба да го депонира својот потпис, барајќи ја канцеларијата, која во многу случаи ќе биде и затворена, е веќе видено.
Излезете од овој трул политички систем и урнато народно Собрание, предизвикајте политичка криза, спречете и најмала шанса за ⅔ во Собранието и да го предизвикаме СДС, кој е толку самоуверен дека ја има поддршката од народот, да излеземе на избори во една изборна единица!
Ајде да се обединиме околу народната волја, народните интереси и вистината!
Ајде за миг да заборавиме на рејтинг, „ПР“, позиции и фотелја и колку сум јас голем како лидер.
Ајде за миг да заборавиме на Кале и западни амбасади..
Ајде да изиграме за нашиот народ, кој е најпонижуван народ во 21 век од страна на западните меѓународни организации!
Ајде да го понудиме БРИКС, Евроазија, Патот на Свилата, како алтернатива на ЕУ и НАТО!
Родина веќе е далеку на тој пат и е спремна да прифати широк народен фронт за излез од ова 30 годишно евроатланско фашизоидно изживување врз македонскиот народ.
Бидете дел од Родина Македонија, од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!