Skip to content Skip to footer

ПОДЗЕМЈЕТО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НАРОДНАТА КАСА ОД 3,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ВЕЧНИ ДОЛГОВИ И РОПСТВО

Според меѓународни организации кои ги пратат стапките на корупција на државите во светот, Македонија се наоѓа високо горе со над 25% корупција.
Заев кој е инсталиран од надвор да биде премиер на западниот геноциден проект „Северна“ изјави дека криминалот на ВМРО-ДПМНЕ во 10 годишниот период на владеење изнесувал над 5 милијарди евра и дека при враќањето на тие пари бројката ќе се прикажува на семафор на Триумфалната капија, бројка за која има докази од нелегално прибавените прислушувани разговори.
Во обратниот случај се споменуваат истите бројки за 10 годишното владеење на СДСМ.
Во суштина општествено-политички систем на државата Македонија проневерува над 25% од трудот на македонскиот граѓанин.
Проценките на Родина се дека годишно Македонија во разни корупциски афери, црн бизнис, сива економија, шверц губи над 650 милиони евра од домашните рекетари и 650 милиони евра од странските рекетари.
Тоа се фантастични 1,3 милијарди евра годишно!

Дали може тој криминал да се случи без консензус на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?
Што добивме во изминатите 28 години од независноста на Македонија?
Добивме театар на демек различни 2 опции, добивме војна предизвикана од ловечко друштво, добивме театар од некаква западна меѓународна заедница, добивме едноумие пострашно од комунистичкото со идиотската матрица НАТО и ЕУ нема алтернатива и добивме репресии кон се што размислува чесно, морално, праведно.
Ја добивме и консензуалната Катица Јанева и СЈО, врвот на театарот и спојот на домашните и странските рекетари.
Од денешна гледна точка се повидлив е консензусот внатре во самиот државен апарат за да може тој голем криминал да финкционира со децении.

Судството како корисник на Буџетот, односно потрошач на народните пари.
Неизјаснувањето на Уставниот суд по класичниот пример на државен удар при избор на Талат Џафери на функција втор човек во државата Претседател на Собранието на Република Македонија, неизјаснувањето по антиуставниот закон за двојазичноста кој се донесе надвор од собраниска процедура кршејќи Устав и меѓународно право со европско знаменце, Преспанскиот договор кој без потпис на Претседателот и надвор од Уставна процедура предизвика промена на ИМЕ спротивно на волјата на македонскиот народ искажана на Референдумот од 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година, сето тоа ни ја дава сликата на политичкото и криминално подземје заштитено од судството, односно како една целина.

Во суштина народот на Македонија, за буџет од 3,4 милијарди евра, во голема мера финансиран со задолжувања за купување привремен социјален мир додека се одработува предавството, добива депонија која на дневна основа ја загадува и душата и телото на македонскиот народ и држава.

Целта на хунтата и не е одржлив економски раст, целта е огромно задолжување за а) Македонија да стане вечен вазал а ние и нашите идни генерации вечни должници и робови, или, б) за планиран економски колапс за да ни покажат дека ете не можеме сами, подобро нека не камшикуваат други. И во двата случаи гнасниот глобалофашистички план и тука и насекаде по светот е истиот: целосно разграбување на Македонските ресурси и вечно економско и финансиско ропство на Македонецот.

Оваквите метастази на криминал може да ги решат само нови луѓе олицетворени во нови суверенистички организации кои заедно со македонскиот народ ќе ги вратат и парите и угледот и честа и слободата на Република Македонија.

Родина е токму на тој пат да служи на македонскиот народ и македонската земја со најдоброто од нас и заедно со нашиот народ и другите суверенистички организации да зачекориме силно во 21 век, век на големи геополитички промени и можности.

Зоран Јованчев, член на ИО-Родина