Родина Македонија ги повикува претставниците на западната меѓународна заедница да ги превземат обврските кон „мигрантите“, кои се тука како резултат на западните воени игри и се одвиваат под превезот на ширење на демократијата.
Вие како членки на НАТО, сте единствените земји во 21 век кои бомбардираат суверени земји и кои со хибридни војни рушат легитимно избрани влади од внатре.
Вашата специјалност, проблемите кои ги предизвикувате да ги извезувате во трети земји, поготово Балканот, се завршени!
Македонците и другите балкански народи, ќе ги почитуваат хуманите аспекти на кризата, но нема да бидат решение за вашите освојувачки политики и домаќини на стотици илјади „мигранти“, кои во голем дел се млади луѓе, без семејства, на возраст до 25 години и кои низ Европа веќе се познати по силувањата, криминалите итн…
Нашата земја Република Македонија не е депонија на погрешните политики на евроатланската заедница.
Родина Македонија е уверена дека предавничката нелегитимна власт не превзема сериозни и ригорозни мерки и се само слуги и послушни извршители на тој таен западен монструозен план за истиснување на eвропските народи од своите огништа.
Родина Македонија нема никогаш да биде соучесник, напротив, ќе биде активен противник на вашите тајни планови, со насилна масовна миграција да се уништувааат старите eвропски култури и нации.