Skip to content Skip to footer

Рекетот, поткупот, уцената на Северна врз Република Македонија

Дивата Северна и нејзините експоненти полека си го покажуваат вистинското лице сокриено позади луксузната облека и шминка купена од западните центри.

Консензуалниот кандидат за СЈО на СДСМ-ДПМНЕ е само една алка од рекетот кој се одвива врз народната каса Буџетот на Р.Македонија, Уставот на Р.Македонија и Законите на Р.Македонија.

Ниту една нормална држава нелегално прибрани снимени материјали не дозволува да се користат во било каков судски процес, ниту истите слободно да се објавуваат.

Снимките со кои СДСМ уценуваше премиер на држава, Претседател на држава, голем дел од општеството имаа една голема цел, да се инсталира Северна и да се замолчи секој кој наумил да ја брани Р.Македонија!

Уценета беше комплетната општествена, духовна, интелектуална ако може да се каже елита, која вплеткана во криминалот молчеше за цело време додека Северна го силуваше Македонскиот народ и Р.Македонија.

И сето ова се одвиваше со амин, односно менаџмент на западните служби кои вешто ги елеминираа сите потенцијали за одбрана на Р.Македонија, за да го остварат својот геостратешки интерес, избришани Македонци и избришана Македонија, членка на НАТО.

Денеска тој систем се распаѓа, систем подигнат на антивредносни стандарди, сите регрутирани во евроатланските организации.

РОДИНА верува во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ.

Родина верува дека Р.Македонија има честити судии, полицајци, служби, општествени работници, духовници кои заедно со Македонскиот народ ќе ја вратиме честа, угледот и законот на Р.Македонија.