Колумна: Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија
Ако според НАТО стандардите, северЏганија не смее да има воени авиони, ЧУМУ ТОГАШ НЕ НАДЛЕТУВААТ ТУЃИ БОМБАРДЕРИ!
Да ни покажуваат колку се надмоќни, над нас!?
Во не така далечната 1993 год во Собранието на Р. Македонија е усвоена Резолуција за дефинирање на надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.
Кои се преточија во малоумната флоскула „БЕЗАЛТЕРНАТИВНАТА НИ ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА.“
ВЕЌЕ, ПОЛУЖИВИ СВЕДОЦИ СМЕ НА НАШАТА НЕБИДНИНА!
Ако и некако, ние обичните, наспроти „помазаните“, живуркавме некако надевајќи се и чекајќи поубави денови, од 2016 година наваму веќе вратите за пристоен живот херметички ни се затворија.
За да со насилно сменетото ни наше исконско генеричко име Македонија, воедно насилно бевме окупирани од НАТО алијансата и покрај цврсто искажаната народна волја, ТРИТЕ ОДВАЖНИ НАРОДНИ НЕ, за ПРОМЕНА НА ИМЕ, НАТО, ЕУ!
Која тоа држава си го смени името, се откажа од идентитетот, за да стане членка во една агресивна немилосрдна воена алијанса!
Каде се ветувањата од типот, безбедноста на државатав е исклучително стабилна и станува центар на интересот на инвестиции!
Каде се инвестициите и инвеститорите!
Нема, ги нема! АШ!
НО, затоа од понижувања, навреди , уцени, глава не дигнавме!
ПОСЕБНО НЕ, ОВИЕ 3 ПРОКОЛНАТИ ПРОКЛЕТИ ГОДИНИ!
Соживотниот ни партнер, силно поддржан од безалтернативците, зема толку силен замав, се осоколи и е главен преговарач и одлучува за се‘ и во внатрешната а уште повеќе во надворешната политика.
Пропагандната платеничка машинерија, за расчистување со нас македонците, е во цврста спрега, затоа во континуитет слушаме за доброволни совети од професори, дури и претседателот не советува – „ДА ЈА НАПУШТИМЕ ТАТКОВИНАТА“!
Влади, кои во континуитет немаат никаква национална стратегија, а наредбите од меЏународната им се пресудни, наспроти народната волја, тука веќе од нив сонце не‘ не грее! Но, не е шега, „привилерија“ е на маса да седиш со крвниците кои со крв демоНкратија носат!
Наводно, да издржиме уште малку, од САМОЖРТВУВАЊЕТО НА СОПСТВЕНИОТ ОЛТАР. Ни останало уште САМО МАЛКУ, БУГАРИТЕ ДА СТАНАТ УСТАВОТВОРЕН НАРОД, а АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ИЗЕДНАЧИ СО МАКЕДОНСКИОТ, кој и онака не ќе е автентичен поради бугарскиот му корен!
Така, наместо да ги уживаме ПЛОДОВИТЕ НА ТОЛКУ ДОЛГО ОЧЕКУВАНАТА СЛОБОДНА САМОСТОЈНА ТАТКОВИНА, ние се давиме во фекалиите од меЏународната и наметнатите курто-муртовски наизменични предавнички власти!!!
Затоа ние народот, мораме да делуваме и самостојно но и заеднички со една единствена цел, СЛОБОДНА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА.
МАКЕДОНИЈА, ОСЛОБОДЕНА ОД ТУЃИ ВЛИЈАНИЈА И ПРИТИСОЦИ.
Да го покажеме и го потврдиме нашето традиционално МАКЕДОНСКО ЗАЕДНИШТВО, СОБОРНОСТ во секој сегмент на општественото, политичкото, економското делување. РОДИНА МАКЕДОНИЈА, партија од наРОДот и за наРОДот е носител и за цел има ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.
Бидете дел од Родина Македонија, дел од новиот #постзападен, #мултиполарен свет!