Пишува: Зоран Јованчев, член на Претседателството на Родина Македонија
Илон Маск, денес на чело на Секторот за владина ефикасност во рамки на Администрацијата на новиот американски Доналд Трамп ќе изјави „УСАИД е криминална организација“!
Роберт Кенеди Јуниор, идниот секретар за здравство Администрацијата на Доналд Трамп ќе изјави, „Вујко ми ЏФК го основа УСАИД за да им помогне на сиромашните земји да се развијат, а сега го користиме за да ги наполниме со тоталитарниот шпионски софтвер“
Ричард Гренел, поранешен американски амбасадор во Германија и специјален пратеник за мировните преговори меѓу Србија и Косово, ќе изјави:
„Програмите на USAid беа користени како оружје против луѓе и политичари кои не се согласуваа со воук идеологијата. Тимот на Бајден потроши пари од американските даночни обврзници за поддршка на програмите и кандидатите на левичарските крила ширум светот.
Конзервативците ширум светот беа на мета.
Романија е последниот таков пример.“
Назад, во Македонија:
Во Александар Палас со ПИМ (предистажни мерки од суд) беше снимен разговор помеѓу тогашниот актуелен премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев, каде вториот му се заканува со последици, доколку не се согласи на техничка влада. Притоа, Зоран Заев споменува служба на странска моќна земја, која ќе овозможи тој да дојде на власт, ако треба и со сила.
Сите бевме сведоци на Шарената револуција и резултатот од неа – целосно понижување на македонската нација и потпишување и спроведување на неуставниот договор од Преспа.
Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, како извршна директорка на Фондацијата Отворено општество, во 2016 година, примила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191.546,00 американски долари.Трошењето на овие пари се случува во времето на „Шарената револуција“ која го урна уставниот поредок на Република Македонија, а за која денес невини луѓе Уставобранители лежат во затвор, веќе осма година.
Политичари од Романија, Грузија, Украина, насекаде каде имаше Шарени револуции отворено говорат за улогата на агентурата на УСАИД во уривање на Влади кои не се по мерка на конкретна администрација на САД.
Поединци од Македонија со години го говориме она кое сега и Вашингтон го открива – за негативната и антидржавна улога на сите тие западни невладини организации кои не се ништо друго туку испостава на странски служби, односно агентура. Некои држави со висок државнички капацитет, и официјално, со Закон ги прогласија за институции под влијание на странски служби.
А, во Македонија, молк!
Молчи Премиерот на владата, лидер на ДПМНЕ, која беше предмет на државен удар, молчи и СДС, кој беше организатор на тој државен удар.
Молчат интелектуалците, големите новинарски пера, молчат сите, не знаат сеуште на која черга да клекнат, кој ќе им биде новиот газда.
Господа!
Кога се урива уставен поредок на твојата татковина, не постојат леви и десни, црвени и сини, евроатлантисти и евроазици! Постои само обединет народ кој си ја брани државата од странски мешетари.
Кога ќе дојдеме до тој степен на политичка зрелост, дури тогаш можеме да се наречеме државотворен народ.
Сѐ додека молкот владее, ќе владее и падот на целото општество, кој пак континуирано резултира со невини жртви.