ЗАШТИТНИЧКАТА НИКАНИЈА ИЛИ БОЖИЦАТА АПТЕРОС – НИКЕ
КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА Можеби сте слушнале за Викторија „божицата" на победата? А сигурно сте слушнале за Нике „старогрчката" божица на победата. Старогрчки е многу проблематичен термин. Стари Грци има само во старечките домови во Атина и по некој во центрите за нега на Скијатос и Санторини. Но, тоа е друга тема… Да се вратиме на Нике, тоа е Ник (псевдоним) на „божицата" Аптерос, таа била гласничка на Зевс и била раскошно облечена со свила и пурпур, го заведувала Зевс. Практично таа е преставена како конкубина, да не речам калаштура, со нормална големина на жена. За разлика од неа, македонската самовила Никанија била заштитничка на Родот и НаРодот. Се разбира народот на Македон. Таа била вила од проста причина што Македонците верувале во…