РЕАКЦИЈА И ОДГОВОР НА НАМЕТНАТИТЕ ДИЛЕМИ
Почитувани браќа и сестри Македонци и сите добри и чесни луѓе:Родина Македонија даде поддршка на семакедонскиот протест закажан за 25.04.2021г. против хунтата, а за поддршка на браќата уставобранители, неправедно осудени и стигматизирани како терористи. Поддршката беше јавно искажана, а повикот за мобилизација на членството и симпатизерите, но и што поголема присутност беше објавена на 04.04.2021год. непосредно по пријавувањето на протестот од страна на Светскиот Македонски Конгрес.Со цел да се избегнат сите инсинуации, тенденции и лукаво-политикантски спинови,Родина Македонија сака јавно да ги потврди следниве ноторни факти:Протестот е во организација на “Македонците од светот” - повеќе здруженија и организации сплотени во координативна мрежа (не го употребувајте туѓиот збор дијаспора), кој во Р.Македонија е пријавен и покренат од СМК.Родина Македонија даде безрезервна поддршка на настанот веднаш по директното обраќање до нас…