РОДИНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ НАПРАВИ ЖЕЛБИТЕ НА УЧК ЗА ПРЕМИЕРУВАЊЕ ДА ОСТАНАТ ТОА ШТО И СЕ, МОКРИ СОНИШТА!
РОДИНА МАКЕДОНИЈА јавно зема обврска дека не ги признава и никогаш нема да коалицира со ниедна етничка партија, туку дека освен македонскиот народ, сама ќе ги застапува правата на сите малцинства и ќе обезбеди благосостојба за сите во Македонија. Сите партии со етнички предзнак ќе бидат поништени како анти-уставни и секој припадник на малцинствата своите граѓански изборни права ќе ги остварува низ партии засновани на идеологија а не на малцинска основа. Згрозени сме од јавното обраќање на Али Ахмети до сите албански партии и албанци со образложение за обединување за избор на прв премиер албанец на Република Македонија.Секако ова не е изненадување, една оваква помпезна најава, која покасно ќе биде претворена во уцена, односно ултиматум за формирање на следната коалициона влада. Нешто што го преживуваме од 2001 до…